Полека, но сигурно ја заокружуваме првата декада од постоењето на Grouper! Официјалното празнување на нашиот роденден го најавуваме со неверојатна акција!
Заедно со нашите партнери од Mastercard ќе поддржиме 10 мали и средни компании со 10 бесплатни е-продавници во најголемиот онлајн трговски центар во Македонија: Grouper Shopping Mall.
Сѐ што треба да направите ако сакате бесплатна е-продавница е да го посетите следниот линк и да ја пополните апликацијата. Нашиот тим внимателно ќе ги разгледува сите апликации кои ќе пристигнат до 31 Јануари 2021 и потоа ќе ги објави компаниите чии апликации ќе бидат одобрени. Доколку го читате ова, а не сте сопственик или вработен во компанија на која и е потребна е-продавница, топло препорачуваме да ја споделите информацијата со некому кому сметате дека му е потребна. Sharing is caring!
Важно е да се знае дека нашиот тим ќе се погржи за сé, од отворање на вашата е-продавница па сé до вашата прва е-продажба. Нема програмирање, контакт со банка или технички предизвици, ниту потреба од нови вработени и дополнителни ресурси. Нашиот пакет е комплетно решение за вашиот нов канал на продажба.
Вредноста на пакетите кои ги доделуваме изнесува 360 EUR на годишно ниво, а трошоците за компаниите не постојат.
Иднината е во е-трговијата. Аплицирај денес и следи нé во периодот кој следува за да дознаеш за сите роденденски изненадувања на Grouper!