10+ причини зошто да ја користите мобилната апликација

Во последнава година веќе над 30% од купувањата на Grouper се прават од мобилен. Овој прогрес секојдневно не мотивира да ја подобруваме и апдејтираме мобилната апликација со цел да ви го олесниме и подобриме шопинг искуството. Во старт, купување од мобилен има многу предности: купуваш од каде и да се, користиш купони без да печатиш, last minute подаруваш, резервираш патување, или праќаш купон на пријател за да ти го подигне производот што си го купил на попуст.

Ако сеуште не сте убедени дека купувањето од мобилната апликација ќе ви го олесни животот, тогаш погледнете ги следниве features кои се воедно и причини зошто да почнете секојдневно да ја користите мобилната апликација, а после тоа и да не можете без неа 🙂

1. Like на зделка – оваа опција служи за да си зачувате зделка која ви се допаѓа. Со кликање на срцето зделката е зачувана како посакувана зделка во листата на “Зачувани зделки” која се наоѓа во менито.

Screenshot_2016-04-22-12-01-25

2. Последно прегледани зделки – супер корисна опција која се наоѓа во менито. Тука ќе бидат излистани сите последно прегледани зделки, и зделката која ви “фати” око пред некое време лесно ќе најдете во оваа листа.

3. Купи за пријател – во секоја зделка имате опција “Подари го овој купон на пријател”. Оваа опција нуди инстант подарување, т.е. испраќање на купонот како подарок до вашиот пријател со персонализирана порака кои сами ќе ја внесете непосредно пред купувањето.

Screenshot_2016-04-21-16-39-20

4. Подароци – кога сме веќе кај подароците, пред да купите за пријател треба да го одберете соодветниот подарок. Во делот Подароци има филтри кои ќе ви помогнат да го најдете совршениот подарок, и тоа: можете да изберете за кого барате подарок (пр. за неа, за него, за домот, за бебе, за дете), а покрај ова има и филтер за избор на вредноста на подарокот (пр. до 500 ден., од 500 до 1000 ден.)

Screenshot_2016-04-21-16-39-48

5. Предрезервација – доколку сте заинтересирани за зделка за патување, потребно е пред да ги купите купоните да направите предрезервација via e-mail во хотелот за датите за кои сте заинтересирани. Во мобилната апликација ова се прави на многу брз и едноставен начин со неколку клика. Во секоја зделка за патување (каде предрезервацијата се прави преку e-mail) има опција “Направи пред резервација”. Кликни, внеси податоци, одбери период, број на соби, и број на лица со кои ќе патуваш и чекај повратен e-mail од хотелот.

dkgjkdgd

6. Пријави баг – бидејќи мислењето на нашите корисници е приоритет, доколку приметите некоја неправилност во функционалноста или пак мислите дека некоја функција може да се подобри можете да пријавите баг со вашето мислење. Тоа можете да го направите доколку сте логирани и разгледувате конкретна зделка во горниот десен агол со кликање на копчето со трите чки.

7. Смени изглед – во секој момент можете да го промените изгледот на зделките, и да одберете еден од трите кој вас ви се допаѓа. Само кликнете на копчето со правоаголници кое се наоѓа во горниот денес агол на главната страна.

8. Мои купони – купоните ви се секогаш при рака да ги приложите при нивно искористување. Тие се распоредени според нивниот статус, во зависност од тоа дали се искористени, достапни, подарени, истечени…Доколку еднаш ги отворите купоните преку апликацијата, потоа за секое наредно отварање не ви е потребен интерет!

9. Испрати купони – сега сите купони кои ги имате купено можете да ги препратите до кого сакате, на пример ако сакате нкој друг да го искористи купонот, или некој друг да го подигне производот наместо вас. Отворете го купонот и кликнете на копчето Испрати Купони. Исто така, доколку имате повеќе купони можете да одберете колку од нив да испратите.

Screenshot_2016-04-22-11-55-53

10. Препорачани зделки – на главната страна, веднаш до Сите Зделки има дел Препорачани. Тука се излистани сите одлични зделки кои се препорака од нашиот тим.

11.  Зачувај картичка – оваа е супер опција која заштедува многу време. Поточно кога ги внесувате податоците од платежната картичка имате можност да одберете да ги зачувате истите за во иднина, со цел да не ги внесувате при секое купување, што го прави купувањето буквално со само три клика. Не ни мора да ја носите картичката со вас да купувате!

12. Мој профил – во овој дел можете да внесете и да ги измените ваши лични податоци. Меѓу податоците имате и опција да го внесете вашиот телефон, што е препорачливо доколку е потребно да ве контактираме за промена на условите на зделката, или за други важни известувања како на пример достава на производи, патувања и сл.

13. Е-mail известувања – доколку сакате да сте во тек со сите нови зделки кои се активираат секојдневно на Grouper можете да се зачлените во листата на дневни известувања, со тоа што истите се персонализираат според вашите желби. Имено, може да одберете категории кои се од ваш интерес и да добивате известувања само за релевантите зделки од категориите кои ќе ги одберете. Еве јас сум опседната со третмани за убавина, и си имам одбрано категорија Убавина, па дневните известувања ми се персонализирани само со најновите зделки за разубавување.

14. Логин со Facebook – доколку сте нов корисник можете да креирате профил преку Facebook и да ја прескокнете конвенционалната постапка за регистрација, а оваа опција е достапна и доколку сте веќе постоечки корисник на Grouper па сакате да се логирате и преку Facebook. Се што треба да направите е да кликнете на копчето Најава со Facebook.

15. Купи со торбичка – покрај плаќањето со картичка, секако постои можност и за плаќање со торбичка. Следете го упатството тука http://bit.ly/20upSlt. Покрај ова можете и да си надополните торбичката преку вашата картичка со сума по избор и потоа безгрижно да си купувате зделки во секое време.

16. Навигација + Контакт – на дното на секоја зделка се наоѓаат податоците за компанијата и тоа: навигација за лесно да го пронајдете локалот каде треба да ги искористите купоните и Јави се на кој ако го кликнете веднаш ќе стапите во контакт со компанијата со цел да закажете термин за искористување на купонот или за било кои други прашања. Ако кликнете на Навигација автоматски ве води до Google Maps со рутата до посакуваната локација.

17. Одбери период за патување – сите зделки за патување се однесуваат за различен период па кога ќе кликнете на патувања имате опција да го изберете периодот во кој сакате да патувате со цел да се филтрираат само оние зделки кои се однесуваат за поскауваниот период.

Screenshot_2016-04-08-11-42-24

 

18. Помош – тука ќе ги најдете сите одговори на прашањата кои можат да ви паднат на памет во врска со купување и искористување на купоните.

19. Search или пребарај – доколку сите филтри, категории и подкатегории, зачувани зделки, и последни прегледани не ви се доволни да дојдете до посакувана зделка, во секое време во ова поле можете да вкуцате клучен збор од зделката за да дојдете веднаш до неа.

Како ви се чини? Треба да се проба, нели?! Симнете ја Grouper Android или iOS апликацијата и уживајте во купувањето!

Нетрепливи сме да ги чуеме вашите коментари и искуства! Доколку имате било каква идеја за тоа како може да се подобри апликацијата или пак сте забележале дека недостига некоја функционалност која ви е потребна пишете ни во коментар или на [email protected] Однапред благодарни!

 

Iva Trembelieva

Iva Trembelieva

Оперативен директор