10 забавни факти од Месец на Убавина

Јули како прекрасен и најтопол месец ни помина. Третманите и разубавувањето беа “a must” пред појавување на плажа, па по тој повод го организиравме “Месецот на убавина”.  Како што ветивме изминатиот месец го одбележија над 100 зделки за убавина, големи попусти и 4 викенд изненадувања, специјално одбрани за да бидете релаксирани, подновени, разубавени и среќни. Месецот на убавина помина со голем број на разубавени и релаксирани Групери. Некој се депилираше пред одмор, некој се шишна откако се врати и искористи третмани за хидратација на дехидрираната кожа од сонце. Секој си го најде својот “храм на убавина и релакс”!

Вo контекст на тоа еве 10 забавни факти кои одбележаа овој месец и не научија пар работи:

  1. Со нова фризура се подновија 224 жени и 16 мажи (Дали на жените косата повеќе им “цвета”?)
  2. Бронзена боја од солариум пред боја од плажа одбраа 254 корисници (Колку од вас се пофалија дека бојата е “фатена” на грчките плажи?)
  3. По Недела на храна вишокот на килограми со третмани за слабеење го решија 98 корисници! (Ве вративме на нула?)
  4. Беа продадени 114 купони за кинеска масажа, во споредба со просечно продадени 28 за релакс масажите (Дали масажата е со етерично масло од ориз?)
  5. 40% повеќе продадени купони се за педикир во споредба со маникир (Дали тоа значи дека повеќе ве загледуваат во стопалата?)
  6. 8 кориснички се подновија со нови веѓи, а свилени трепки има само 1 (Свила и кна – совршена комбинација за заводлив поглед?)
  7. Најпродавана зделка од Месец на Убавина е третман за регенерација на влакното со чоколадна мед маска, шишање и фенирање (Дали чоколадото е одлучувачки фактор при секое купување?)
  8. Дамите за 35% повеќе префеираат локни кога се фенираат отколку право (Дали осумдесетите се пак “ин”?)
  9. Понежниот пол најчесто одбира да се депилира во Аеродром 24.2%, на второ место е Центар 22.8%, потоа следи Карпош со 16.7%…а последно место е Козле со само 4.7% (Дали секогаш жените во Аеродром се без влакно на јазикот, нозете и рацете?)
  10. За Mесец на убавина се продадоа 2475 лепушкасти купони! (Најадени од Недела на Храна, разубавени од Месец на убавина…можете да претпоставите што е следно?)

Епа ете драги Групери, тоа се нашите факти! Доколку имате нешто да не надополните, да не советувате или едноставно сакате да не поздравите, слободно пишете ни на нашата Facebook страна, Twitter или споделете нешто со нас на нашиот Instagram и Snapchat.

Ние сега вака разубавени, одморени и полни со елан се враќаме на работа за да ви најдеме уште подобри зделки.

Вашиот,
Grouper
xoxoxo

Iva Trembelieva

Iva Trembelieva

Оперативен директор