Лето. Море. Плажа. Одмор! Големата летна одлука е која дестинација да се посети оваа година. Некои одбираат веќе проверено и посетено место за одмор, додека некои сакаат да посетуваат различни дестинации секоја година. Секој со своите желби и преференции. Ако веќе се вративте од летниот одмор, на здравје нека ви е, а ако сте помеѓу оние кои допрва ќе одат и бираат дестинација еве сме ние да ви помогнеме со предлози.
Во овој текст одлучивме да ги издвоиме топ 10те грчки острови вредни за посета одбрани од туристите на Trip Advisor за 2016та година. И секако убавината е што имаме зделки на попусти за секој од најубавите 10 острови па Ваше е само да одберете. За да ви го олесниме изборот ги поделивме во неколку категории за да можете полесно да си одберете место по ваша мерка.
1. За љубителите на луксуз и забави
Најпопуларниот и најгламурозниот меѓу грчките острови – Санторини е прв избор за љубителите на прекрасни гледки и пејзажи. Популарните црни вулкански плажи Периса и Камари се вредни за посета како и црвената плажа близу Акротири. Санторини се протега покрај гигантскиот лагун на Кикладските острови и нуди воодушевувачки гледки од височини, еклектична кујна, прекрасни галерии, богат ноќен живот и одлични вина.
http://grouper.mk/skopje/deal/santorini-mirsini-pension
Родос е најпознат од групата Додекански острови во источниот дел на Егејското море. Родос нуди ужвање за сите сетила – прекрасни песочни плажи, луди забави, барови, старовековни градчиња со прекрасни грчи специјалитети… Целиот брег е преплавен со мали селца и луксузни резорти, а низ целиот остров може да уживате во грчката автентична култура, архитектура и храна.
http://grouper.mk/skopje/deal/blue-sky-beach-rodos
Ова е островот кој не спие и каде дефинитивно може да уживате на најдобрите летни забави. Најпопуларниот грчки остров на Егејското море е познат по својата енергија и луксуз. Ова е островот каде ќе ги најдете налуксузните хотели во Грција со неодолив поглед и амбиент. Во текот на денот може да се прикрадете на некоја од плажите во северниот дел на островот доколку сакате да одморите од ноќните лудувања, но плажите во јужниот дел од островот нудат исклучиво целодневна забава. Тука имате можност да уживате во најразлични спортови, како скијање на вода, сурфање, едрење, но не заборавајте да сочувате дел од енергијата за ножните забави до раните утрински часови.
http://grouper.mk/skopje/deal/mikonos-hotel-thomas-juni-juli
2. За релаксација и сплотување со грчката култура
Најголемиот грчки остров, познат како “божица” на источниот дел од Медитеранот. Ова место е избор број еден за љубителите на добра храна. Крит е рај за сите кои бараат прекрасни плажи, зајдисонце и култура. Ова е непогрешлив избор за сите генерации без разлика дали сте за фамилијарен, романтичен или одмор со друштво. Тука постојано се приредуваат најразлични фестивали и настани кои му даваат живост на островот. Крит е препознатлив по својата историја па затоа ќе уживате додека ги истражувате градчињата распространети низ островот, шетајќи низ дрворедите со маслинки и портокали. Едно од местата кое вреди да го посетите е Ханиа, средновековно пристаниште, кое лежи на северниот брег од островот и е втор најголем град.
http://grouper.mk/skopje/deal/ta-ibegalis-creta-palm-resort
Наксос е бела точка во тиркизните води на Егејското море, остров со уникатни старовековни градби и прекрасни плажи. Не пропуштајте да поминете низ античката камена порта – Portara , која е симбол на островот. Наксос e познат и пo тоа што се смета за место од каде што потекнува кралот на грчките богови – Зевс.
http://grouper.mk/skopje/deal/alkyoni-beach-naxos
Познат како “Шарениот остров” благодарение на кристално сините тонови на водата и малите куќички обоени во впечатливи пастелни тонови. Милос е вулкански и карпест остров познат по необичните форми на карпите кои небаре се вајани фигури, а она по што е надалеку познат е статуата на грчката божица на убавината и љубовта – Venus de Milo, која е откриена токму на овој остров и пренесена се до музејот Лувр. Милос е остров со посебна архитектура и над 70 различни плажи, по што се издвојува од сотанатите Кикладски острови. Овој уникатен и сеуште недоволно откриен остров затуристите ќе ги направи вашите летни спомени и фотографии незаборавни.
http://grouper.mk/skopje/deal/milos-leto-ta-ibegalis
3. За оние кои секојдневно сакаат да откриваат нови плажи
Овој бисер помеѓу јонските острови ви го нуди најтиркизното море и прекрасни плажи со ситен свиленкаст песок. На момент ќе си помислите дека пејзажите кои ги гледате се малку нерелани или фотошопирани. Закинтос е интересен за сите, особено поради тоа што нуди голем избор на плажи – недопрени и диви, смирени и романтични, урбанизирани и забавни. Тука може да пливате со џиновски желки или да нуркате во длабочините на тиркизното море. Што и да одлучите да правите не пропуштајте уживате во мирисот на маслинки и незаборавните глетки.
http://grouper.mk/skopje/deal/lofos-studios-zakintos-avgust
Мало слатко островче кое може да го извозите за момалку од половина час. Но тоа што го прави посебен се плажите. Направете супер селфи фотки на Кукунариас, или журкајте се на Banana Rama. Посетете некоја од недопрените интимни или нудистички плажи, или пак уживајте покрај прекрасните барови на Mistique или Kahlua Beach bar. Ова е само дел од она што можете да го видите и доживеете. Ова е едно од ретките места каде ќе се чувствувате како дома а сепа ќе се заљубивате секј ден се повеќе и повеќе.
http://grouper.mk/skopje/deal/fibula-travel-skijatos-top-sezona-juli-avgust
4. За љубителите на мир и недопрена природа
Најголемиот остров на Јонското море, кој изобилува со шумска вегетација и прекрасни погледи од височина. Тука може да прошетате низ повеќе од 35 плажи, меѓу кои и многу мали заливчиња каде ќе уживате во тишината и звукот на брановите. Не пропуштајте со кајче да ја посетите познатата пештера Дрогати или да отпловите до островот Итака – кралството на Одисеј.
http://grouper.mk/skopje/deal/pegasus-studios-kefalonija
5. За сечиј џеб
Еден од најпосетуваните и најпознатите грчки острови. Керкира, како што е неговиот грчки назив, познат е по своите византиски цркви, венецијански тврдини и ноќен живот. Ова е подеднакво добро место за фамилијарен одмор и одмор со друштво зошто нуди места за прошетка и плажи за сечиј вкус. Крф е исто така е еден од најнаселените грчки острови кој има силно британско и француско влијание.
http://grouper.mk/skopje/deal/savana-krf-ipsos-eleni-9juli
Се надеваме дека барем малку ви ги избистривме мислите кога е во прашање изборот на грчките острови како дестинација за ова лето. Сега останува најбрзо што можете да си одберете зделка и право на море. А доколку не се пронајдовте помеѓу овие грчки убавци , не очајуваје има и за вас специјални last minute понуди и зделки за други летни дестинации ширум Грција.
Се гледаме на плажа 🙂
XOXO