Кога ќе застанеме и ќе погледнеме наназад во долгогодишната работа, грижа за нашите корисници, зделки со одлични попусти, нови искуства за нас и нашите корисници, патувања како и 12 години значајно влијание врз е-трговијата на Македонија, со гордост можеме да кажеме дека сме горди на се поминато и со нетрпение чекаме се она што заедно не очекува во иднина!
За овие 12 години станавме едно големо семејство од 300.000 корисници и над 3.500 соработнци. За 12 години освоиме голем број на награди за Сајт на Годината, најдобар мобилен сајт, најдобра мобилна апликација… но секако најголемата награда и гордост од секогаш ни била и ќе остане задоволството на нашите Grouper корисници.
И оваа година не „држи“ опсесијата со перформансот и бројките, па ќе ви откријеме делот од симболиката позади бројот 12 🙂 Година има 12 месеци, ден има 12 денски часови и 12 ноќни часови. Во астрологија постојат 12 знака. Исус има 12 апостоли, Грчките богови се 12, а крал Артур има 12 витези.
Па така годинава и Grouper полни 12 години!
Веќе традиционално, по повод нашиот роденден, сакаме да ви го подариме она што е најатрактивно и најбарано од ваша страна и тоа, како и секогаш, на ПОПУСТ!
Па така и оваа година ја реализираме една од нашите најпопуларни кампањи – ЗЛАТНИ ЗДЕЛКИ со премиум брендови и најдобри цени.
За роденден оваа година посакуваме да пронајдете барем една #ЗлатнаЗделка која ќе ви се допадне, а шансите за тоа се 100%! Следете нé за златен старт на нова Grouper роденденска златна акција.