По напорна 5 месечна работа на 21 Јануари на Плоштадот на град Скопје беше отворен првиот веб сајт за групни попусти. Отварањето го планиравме и организиравме речиси еден месец, балон на топол воздух требаше да се крене на Градскиот плоштад за да го означи отворањето на нешто ново и големо, односно лансирањето на првиот веб сајт за групни попусти кај нас во Македонија. Музика, бенд, 400тини гости, пријатели, случајни минувачи и температура од минус 5 степени и снег 🙂 По многу обиди на ветрот и снегот балонот успеа да се крене колку што можеше.