Сакам да споделам новина со вас, се однесува на еден поинаков и креативен начин на подарување. Но пред тоа морам најпрво да споделам како се роди оваа идеја.
Еден мој близок другар одлучи да се пресели во Амстердам. Нели нормално пред да си оди близок човек цело друштво му организира собиранки и смислува изненадувања (класика, најчесто изненадувањата се “опроштајни” кафани). Мене ми дојде идеја да му направам книга со Групер купони т.е. Grouper Book во форма на водич што да прави 1 недела пред да ја напушти Македонија. Read More