Black Friday загревање: Викенд акции со дополнителен попуст на попустот!

Има многу американски традиции/празници/трендови кои полека ги прифаќаме и славиме и кај нас. Некои повеќе некои помалку, важно е да се слави, кад је бал нек је маскембал – Haloween е еден пример (Ако си го имаме 1ви Април, нека има повеќе). Valentine’s Day е друг пример  и тука е вечната расправија дека наш празник е Св. Трифун (и уште една поддискусија за дали е Трипун или Трифун), ама ако нека се слави и вино и љубов на 14ти Февруари, па после пак и вера и надеж и љубов на 30ти Септември.

Read More

Запознај ја Македонија како што ја знаат странците

Веруваме дека сте во тек со нашата прекрасна кампања “Доживеј ја Македонија” која има за цел да ги доближи до вас убавините на Македонија преку одличните зделки за различни дестинации по Grouper цени. Кампањата започна пред неполни 2 недели, а веќе имаме објавено над 40 зделки преку кои се продадени над 400 купони. Најголем број од доживувачите ги одбраа Берово, Крушево и Кочани, а адреналинските души одбраа да јаваат коњи на Галичник или да летаат со параглајдер од Скопска Црна Гора или Прилеп. Read More