Времето лета, годините поминуваат, работите се менуваат! Измина уште една година и сега во овие последни денови од оваа година и ова празнично лудило и припреми за следната година, кој за дочек, кој за зимовање, кој за руска и кифли, времето како да лета уште побрзо. Ајде за момент да застанеме сите! Размислете за убавите моменти кои ги поминавте, за блиските пријатели со кои ги споделивте, за лошите одлуки кои ги направивте, за грешките кои не сакате да ги повторите, за ветувањата кои си ги дадовте и не ги остваривте, за целите што ги поставивте, за добрите зделки кои ги направивте! Read More
Month: December 2015

Зошто да го посетите Банско?
Ви пишувам со голема возбуда дека ски сезоната во Банско е официјално отворена!
Без разлика дали скијате, се санкате на кеса, или сте заинтересирани само за топол СПА релакс Банско е неприкосновена зимска дестинација број 1 веќе неколку сезони по ред.
Ајде да се потсетиме зошто е прекрасно и идилично зимувањето во Банско:

Груперска благодарност до сите вас!
Драги корисници, соработници и партнери! Сите вие сте дел од Grouper заедницата која заедно ја градиме, која расте и се развива со секоја една објавена зделка, со секој еден купен купон, со секое ново искусто, ново патување… од ден во ден, од година во година! Сите вас ве чувствуваме како наши пријатели со кои сакаме да споделиме убави моменти и радост. Радоста која ја споделуваме денес е поттикната од 2те награди кои ги добивме оваа година на изборот за сајт на годината. Read More

Празнични викенд зделки – “Подари повеќе, потроши помалку!”
Нашиот тим е голем љубител на новогодишните и божиќните празници! Уживаме во подготовката на празничните зделки за патувања, за празнични колачиња, за искуства и подароци. Уживаме во празничните дружби, изненадувања и подарувања. Така, оваа година за нашиот зимски тим билдинг го посетивме прекрасниот Божиќен базар во Нинберг, Германија. Апсорбиравме празнична енергија, многу греено вино и ги наполнивме батериите! Спремни сме да бидеме Вашите вредни џуџиња со зелени капчиња кои ќе ви пренесат позитивна енергија и идеи за подарување :). Read More