Шестнаесет подароци подоцна, 3 Викенд Изненадувања поминати, над 100 објавени зделки, стигнавме до крајот на Месец на убавина и релакс, а со тоа и до Викенд Изненадување #4. До сега доделивме 10 подароци на Facebook, едно патување за Грција и 5 подароци на Instagram. Целиот месец беше посветен на ваша релаксација и уживање. Во тој дух, го завршуваме месецот со цреша на шлагот! Во овој последен викенд секој од вас има бенефит! Следува:
Month: July 2016

Месец на убавина: Викенд изненадување #3
До сега во текот на Месец на Убавина и Релакс преку првото и второто викенд изненадување доделивме 10 подароци за убавина преку нашата Facebook страна и едно патување за Грција преку купени зделки за убавина за време на викенд! Сеуште не држи манијата на подарување и со задоволство ви го најавуваме Викенд Изненадувањето #3!

Наградени гурмани од #НеделаНаХрана
Драги Групери и официјално гоштевањето низ скопските ресторани и барови по повод Недела на Храна заврши. Се докажа дека Grouper тимот ја дели љубовта кон храната со над 1900 гурмани кои уживаа во дегустирање на највкусните зделки . Среќни сме што ја крунисавме акцијата со над 9200 продадени купони, а се надеваме дека успеавте да пробате многу нови вкусови и да си најдете ново омилено место за афтерворк дружба или неделен ручек со најблиските. Секако, за најнеуморните дегустатори кои имаа купено над 5 зделки и за оние кои со своите фотки од храна успеаа да ни предизвикаат глад и “лиги да ни потечат” заслужено следуваат награди – патување за 2ца, кои на почетокот ги најавивме.

Месец на убавина: Викенд изненадување #2
Веќе заклучивме дека јули е прекрасен затоа што мириса на лето, плажа, забава….Но овој јули е посебен зошто е месец за разубавување и релакас и носи многу изненадувања. Епа, драги наши Групери ако минатиот викенд го пропуштивте изненадувањето #1 или пак не бевте меѓу они кои си добија подароци, не грижете се, зошто изненадувањата продолжуваат, а на ред е – ВИКЕНД ИЗНЕНАДУВАЊЕ #2 Read More

10те најубави грчки острови!
Лето. Море. Плажа. Одмор! Големата летна одлука е која дестинација да се посети оваа година. Некои одбираат веќе проверено и посетено место за одмор, додека некои сакаат да посетуваат различни дестинации секоја година. Секој со своите желби и преференции. Ако веќе се вративте од летниот одмор, на здравје нека ви е, а ако сте помеѓу оние кои допрва ќе одат и бираат дестинација еве сме ние да ви помогнеме со предлози. Read More

Месец на убавина: Викенд Изненадување #1
Како што веќе ви најавивме во претходниот блог пост по повод Месец на Убавина & Релакс цел јули покрај зделки за убавина и релакс ќе биде исполнет со многу викенд изненадувања и подароци. Изненадувањата ќе ги откриваме насекаде > на блогот, на социјалните мрежи (FB, Instagram, Twitter, Snapchat)…

50.000 инсталации на Android мобилната апликација!
Стигнавме до големата бројка 50.000 инсталации!
Ова е дечки, огромен успех за нас.
По многу месеци поминати за тоа како да се подобри Grouper искуството, со оваа бројка ја добивме поддршката од вас дека одиме во правилна насока!
Ви благодариме за поддршката!
Дел од причините зошто да ја инсталирате може да ги погледнете овде!
П.С. Вашите забелешки се добредојдени. Пишете ни во коментар подолу, нашите девелопери се со отворени уши!
Ја користиме приликава за да испратиме голем поздрав и уште поголемо благодарам до момчето со кого ја започнавме оваа авантура Димитар Јованов , виртуозниот Петар Атанасов кој едноставно имаше брзо решение за се и нормално Дарко Гроздановски кој безрезервно несебично и со големо срце го поддржа Grouper.mk