Најсреќните добитници на наградната игра Smart празници со Grouper и Mastercard

Кога ќе се спојат две супер сили како Grouper и MasterCard да организираат наградна игра, не може да се очекува ништо помалку од одлична акција, журка со конфети и луди награди како Samsung Galaxy S7 и iPhone7! Со други зборови, Go big or go home, а ние дома не си одиме пред да донесеме широки насмевки на нашите верни Grouper корисници.

Како што ветивме на почетокот на Наградната игра со MasterCard, на 23.01.2017 година, во Facebook емисија во живо, ги извлековме двата најсреќни Grouper корисници кои купувале зделки со MasterCard картички во периодот од 15.12.2016 до 20.01.2017 и им ги доделивме најдобрите смарт телефони во моментот. Извлекувањето беше во наш стил, возбудливо, гласно, весело, откачено, фер и транспарентно. Скандиравме Мите, па скандиравме Соња и едвај чекавме да ги запознаеме и да им ги врачиме наградите.

Read More