Нашите соработници си ги сакаме исто како нашите корисници! Без нивната поддршка попустите нема да се толку јаки и зделките толку неоддоливи. Еден таков соработник вреден за медал е и Крусел! Оваа година правиме јубилеј – 5 години од нашата заедничка соработка. За да нагласиме дека Крусел е заедно со нас од почетоците само ќе кажеме 6 години Grouper – 5 години одлична соработка со Крусел.
Month: March 2017

Weekend Shopping Mania #2 – Best of Grouper!
Weekend Shopping Mania започна баш лудо, еуфорично, манично и весело како што очекувавме! Супер зделките – сè за 99 ден ги заинтригираа сите Груперци и секој брзаше да се поднови со симпатичен и корисен производ, да си најде масажа, фенирање, куглање или да се почасти со вкусна лапачка по непобедлива и неповторлива цена!
Grouper, креативен и вреден како секогаш, се гордееше на успешната акција, на продадените 1823 купони и на задоволните корисници, па ги засука ракавите да подготви нова Weekend Mania и да ги натера Груперци едваааааааај да го чекаат наредниот викенд (#којнесакавикенд). 5 викенди по ред се ветени, ветување си е ветување! 🙂
Се мислевме, се договаравме и одлучивме овој викенд да биде баш НАЈ! Овој викенд од 01.04 – 2.04.2017 (зделките почнуваат од 00:00!) го прогласуваме за THE BEST OF GROUPER викенд, или најдоброто од нас, со најпосакуваните, најпродаваните и најбараните зделки од најквалитетните Grouper соработници и нормално по најекономична и ниска цена и најголем попуст!
Тука ќе може да најдете дел од зделките за кои сите зборуваа, а вие ги пропуштивте, или пак толку беа добри што ги сакате пак, или пак нешто ново на кое е тешко да се оддолее. Нешто како златна зделка, ама само 48 часа! Read More

СТАРТ ➡️️ Weekend Shopping Mania #1
“Што ден сме денес, уште колку има до викенд?” “Кај ќе одиш викендов, ќе шеташ негде?” “Викендов времето ќе биде топ, ај да правиме нешто!” “Убав викенд дечки, се гледаме во понеделник!”
Викенд, викенд, викенд!
Самиот збор носи радост, очекување, возбуда и среќа! Викендот е како сладолед, како љубов, музика, одмор, шопинг, подарок, топол леб, Grouper, добар филм, добра журка… Не може да не го сакаш! За викенд се случуваат најдобрите работи и се создаваат најдобрите спомени. Почнувајќи од петочки after work, журка со другарите, прошетки во парк и на шопинг, кафе, спортување, планинарење, дотерување, прошетки на Водно и Матка, трчање на кеј, цело семејство на ручек на куп, патување, спиење и слобода! Ах како не е секој ден викенд. Read More

Недела на бесплатна достава!
Кој нé следи знае дека бројот на производи на Grouper прогресивно расте. Без разлика дали се работи за кујнски додатоци, мали апарати, облека и модни додатоци, детски играчки па се до електроника и IT, ако проверувате прво на Grouper тогаш сте на прав пат. Знаете дека секогаш ги слушаме вашите совети и се водиме според вашите потреби, па во последниот временски период заедно со бројот на производи се зголемија и барањата за достава. Па така, покрај најдобрите цени на производите од сите категории, оваа недела ќе ве почастиме и со БЕСПЛАТНА ДОСТАВА! Read More