Weekend Mania #5 ➡ Комбо пакети!

Епа драги наши Групери, се ближи крајот на шопинг лудилото наречено Weekend Mania! Сите до сега го следеа златното викенд правило “Кај и да си, за викенд на Grouper да си” и по 4 викенди подоцна, се продадоа над 6000 купони  и се поттикнаа двојно повеќе викенд насмевки!

Првиот викенд сите уживаа во Grouper продавницата наречена “сé за 99 ден.“, вториот Best Of викенд царуваа јаките брендови и најпродаваните зделки по специјални викенд цени, третиот викенд ве пративме на патување со најголем попуст, a Велигденскиот односно 4тиот викенд од ова лудило беше all about попуст на попустот со супер викенд зделки и поголем попуст од вообичаено, и тоа цел празничен викенд од 4 дена!

Read More

Велигденска тимска активност – “Нацртај си го колегата на јајце”

Нашиот тимски дух, желба за дружење и креативни активности се секогаш на ниво, а денес по повод Велигден споделуваме со вас една идеја која можете да си ја направите со друштво, по дома или со колегите на работа (како ние). Ние супер се забавувавме и плус сега си го имаме цел Grouper тим на јајца да ни ги чува канцелариите за празниците.

Read More

Grouper Weekend Mania #4 – Викенд зделки со ЕКСТРА попуст!

ОК, дека Grouper Weekend Mania не е шала, докажавме со вкупно продадените 4500 купони, со лудилото “Што ќе има овој викенд на Grouper?”, со неверојатно ниските цени, страшно популарни брендови и бројните суперекономични зделки за патувања.

99 shop ги разбуди штедливите Групери и оние кои се секогаш спремни да зграбат добра зделка, Best of Grouper ги заинтригира и најскептичните и сомничавите (Зошто баш Grouper?), додека третата Weekend Mania Патувања ги погоди сите кои едвај чекаа убавото време да го искористат за нова авантура и нови искуства.

Изминатите викенд акции ги создававме во една тема и во ист дух, па овој викенд одлучивме да подготвиме непредвидлива и откачена Grouper Weekend Mania #4!

Read More

НОВИТЕТИ за БЕСПЛАТНА ДОСТАВА

Неделата на бесплатна достава помина одлично! Оваа акција повторно не зближи со многу корисници низ цела Македонија, а им го олесни купувањето и на оние од Скопје. Знаете дека секогаш гледаме, бараме, откриваме и ги слушаме вашите желби.

Секоја идеја, барање и порака не ставаат во акција, а од акција до реализација се вклучува целиот тим на Grouper вредни мравки кои во најскоро време ќе ја реализираат секоја вашата желба. Овој пат, таа желба е повторно бесплатната достава. Па со задоволство ве известуваме дека оваа акција продолжува и тоа со многу новитети.

Read More

Е-трговијата со раст од 36% во 2016 година [Инфографик by Grouper]

Eлектронската трговија придонесува за зголемување на продуктивноста, намалување на неефикасноста и претставува двигател на економскиот раст во една земја. Македонија заостануваше на ова поле поради бројни фактори како што се: долгогодишна ниска интернет пенетрација; малиот број на платежни картички во оптек, а подоцна и малата застапеност на население кое активно ги користи картичките; преференции за плаќање во готово; ниска компјутерска писменост; високи банкарски провизии кои ги дестимулираа големите компании во додавање на овој нов канал на продажба; мала понуда од интернет трговците итн. Read More

Weekend Mania#3 ✈ Патувања по најдобри цени!

Викаат луѓето биле најсреќни во сабота накај 19 часот, што му доаѓа негде на средина на викенд. Како кога си на 5тиот ден од 10 дневен одмор, полувреме од утакмица или до пола добар филм. Знаеш дека има уште, дека ќе биде добро и сé може да се случи!

Епа Груперци, Weekend Shopping Mania е баш на пола, стигнавме до 3тиот од 5 викенд акции. Дека на сите на им се допадна викенд лудилото, видовме од вкупно купените 3600 купони за време на супер штедливиот 99 shop и атрактивниот Best of Grouper викенд! Вака загреани, разработени и разбудени, ја подготвуваме третата Weekend Mania, посветена на една од вашите омилени категории!

3та среќа на Grouper викендите: Weekend Mania#3 – Патувања! Read More