Гласајте за нас > Избори 2017 втор дел :)

Почитувани Групери,

Oва не е некоја нова информација за нашите кампањи, настани, или лудиот Black Friday. Oвој пат сакаме да споделиме  дека се кандидиравме во нова изборна кампања. Годинава како за прв пат, оставивме одличен впечаток на локалните избори, понудувајќи нови млади имиња, кои 100% ги исполнија своите ветувања реалзирајќи одлична кампања за Македонија. (Кој не не видел еве подоле како изгледаше тоа) Read More

Добитникот на Samsung S8 e…?

На 15.11.2017 заврши и наградната игра “Освој Samsung S8 со Grouper и Mastercard”

Наградната игра траеше од 25.09.2017 до 15.11.2017 и во неа учествуваа сите трансакции над 300 ден, направени на Grouper со Mastercard картичка. Покрај главната наградна, телефонот Samsung Galaxy S8, се поделија и 300 брендирани подароци, меѓу кои: ранци, куфери, маички и термоси.

Read More

BLACK FRIDAY: План и стратегија

Black Friday е најлудиот ден во годината, а месец ноември кај нас во канцеларија е најлудиот период. Зделки, договори, идеи, видеа, преговори за најниските цени на планетата, хаос, попуст, лудило. Возбудата расте на дневно ниво, зошто знаете дека секоја година сакаме да се надминуваме во секоја акција, па така оваа година договараме и спремаме над 1000 Black Friday зделки! Да, да…1000+ зделки! Ама тука не завршуваат активностите.

Па прашањето е како да го преживееш Black Friday, а воедно и да “ќариш” највеќе луди зделки? Одговорот е добра организација! За подобро да се организираме и ние и вие, и секако да знаете што се ве чека до и на големиот ден, направивме ⭕ BLACK FRIDAY План и стратегија! ⭕

Read More