Предновогодишниот период е навистина еуфоричен во нашите канцеларии, првo зошто нели ”таков е периодот”, второ бидејќи во тек се припреми за мнооогу новогодишни зделки и подарoци, а дополнително веќе 4та година по ред имаме плус причина зa радост и славење зошто повторно го добивме мандатот од вас нашите верни корисници (гласачи). На 16.12.2017 беа презентирани за јавноста резултатите од последните “избори” за најдобрите сајтови во организација на Сајт на годината, каде Grouper се закити со 4 награди, од кои за прв пат беа 3 први места. И официјално, Grouper.mk беше најнаградуваниот сајт на овогодинешните избори, а еве во кои категории поточно ја имаме победата:)
Month: December 2017

Донирај ЉУБОВ за Среќна 2018та
Периодот кој следи многумина го нарекуваат најубавиот, но и најдинамичниот дел од годината. Како наближува Новата година, така наближува и новогодишната еуфорија кај нас во канцеларија. Се спремаат новогодишни зделки и попусти, купони и договори летаат на сите страни, ама се наоѓа време и за китење елка, за колективно пиење на топло чоколадо, многу празнични плејлисти и официјалното вклучување на зелените сијалички во канцеларија.