Дечки, без никаква посебна увертира сакаме да ви пренесеме голема возбуда. На 21ви јануари Grouper полни 8 години! Бројка која за нас е полна со искуства, полна со лекции, со љубов, со труд! 2.920 денови и ноќи поминати во идеи и реализација не донесоа до овој ден – роденден, кој и тоа како сакаме да го прославиме заедно со вас.
Month: January 2019

Како помина 2018-та?
2018-та беше многу интересна година за Grouper. Во изминативе 365 дена се случија многу повеќе од 365 работи 🙂 Да работиш во Grouper значи динамика, значи пасија, значи брзо темпо значи учење нешто ново секој ден.
Оваа година беше предизвикувачка, турбулентна, прогресивна, со еден збор…Нема еден збор за оваа година! Оваа година Нина стана Forbes30Under30. Во 2018-та го прославивиме 7миот роденден со Златни зделки, го организиравме првиот Онлајн Саем за Мебел, подарувавме Cashback со Mastercard, ги нагостивме гурманите, дониравме храна, повторно откривме нови места низ прекрасната Македонија, се боревме со рекордите за Black Friday, добивме огромно признание за Најдобар Сајт во Македонија за 2018-та, игравме многу тимски игри, МНОГУ МНОГУ тимски игри, работевме многу часови, дознавме многу нови работи.
2018-та ти благодариме за секој ден и за секое ново искуство, 2019-та спремни сме за тебе!
Погледнете што се случуваше во 2018-та!

Пробајте ја оваа празнична игра за вашиот тим!
Многу луѓе кои ме познаваат се убедени дека не постои некој во земјава што повеќе го сака овој празничен период од годината од мене. А кога љубителот на игри и изненадувања во мене ќе се спои со љубителот на празници доаѓаме до моето омилено–празнични тимски игри. Secret Santa ни е традиција веќе 5 години, а сé повеќе компании ја практикуваат и кај нас како игра за подарување чија цел е да покажеш колку го знаеш колегата на кој си му “Таен Дедо Мраз”.
За оние кои не ја играле Secret Santa функционира на следниот начин:
- Секој колега добива друг колега по случаен избор на кој му е Таен Дедо Мраз (ние за тоа ја користиме оваа апликација – се внесуваат сите колеги и кога сите ќе се приклучат, на секој член му стига името на кого треба да му купи подарок)
- Сите колеги купуваат подарок за својот човек и ги оставаат скришно во вреќата под елка (на подарокот го пишува името за кого е поклонот)
- Се собирате сите заедно на отварање поклони