Поинакво after-work дружење: BIZ QUIZ

Има еден интересен нов тренд кој е сé поприсутен во Скопје, а тоа се тимските after-work дружби за тимовите кои вредно работеле во текот на денот! Тимот на Grouper секогаш е за дружба, па станато ни е традиција еднаш месечно да „се видиме“ во кафана со мезе и топено сирење, од време на време да решаваме загатки во Escape Room или да склопиме пикник со грицка и гитари кога ќе расцветаат првите липи.

На токму една од тие after-work дружби и дојдовме до идејата да организираме едно поинакво тимско дружење, од нашиот тим за сите македонски тимови – овојпат во форма за „борба за знаење“! Го крстивме Biz Quiz и стана првиот организиран квиз настан кој е во основа trivia натпревар помеѓу македонските компании! Место каде сите можат да научат нешто ново, да се запознаат со нови луѓе од други компании и едноставно да се забавуваат и да се „тестираат“ колку знаат на овој неколку-часовен after-work.

Првите храбри колеги кои се пријавија и формираа тимови беа од: EVN Македонија, Холандска Амбасада, VIP, Energy Maintenance Solutions (EMS), KEMET, MEDIAGENIX, Sourcico, Машински факултет, Systems for Enterprise и Web Factory!

Read More

Онлајн саем за мебел само на Grouper!

Лани ова време имавме еден интересен brainstorming во нашите канцеларии. Нормално, дискусијата беше дека се е подобро онлајн отколку офлајн. Дека секогаш е подобро да си разгледаш на раат од дома или додека си некаде на кафе. Ова беше само интро за генијалната идеја што ја имаше Цуре за онлајн саем за мебел. Таа идеја прерасна во прекрасна кампања, а веќе знаете дека кај нас во Grouper кога нешто е добро станува традиција. Затоа годинава, по втор пат, го организираме единствениот онлајн саем за мебел со повеќе компании, поголем избор на производи и што е најважно подобри цени и попусти 🙂

Read More