Стекни нова вештина со нашиот онлајн LEARN-A-THON!

Во последнава година-дена “хакатоните” (HACK-A-THON) станаа многу популарни и кај нас (дури и Министерството за финансии минатата година организирше еден). Во суштина, хакатоните претставуваат настани во кои учествуваат програмери и други лица вклучени во развојот на еден софтвер (дизајнери, проектни менаџери и др. експерти) кои заедно соработуваат интензивно на одредено софтверско решение.

Ние во канцеларија празнично организиравме Team-a-thon на кој дојдовме до идејата да организираме еден Learn-a-thon. Во превод подготвивме еден THON зделки за онлајн курсеви за сите вештини што може да ви текнат и го нарековме GROUPER ОНЛАЈН LERAN-A-THON!

Read More

Празнични Викенд Зделки

Обожаваме викенди, особено кога се во празнична атмосфера, сонце, цвеќиња, убава храна и насмевки….Токму таков празничен Велигденски викенд ни претстои и од старт со сигурност ќе го окарактеризирмае како прекрасен и со сите други најубави епитети 🙂 Прво затоа што е продолжен, затоа што ќе се дружиме со пријателите и фамилијата и ќе имаме можност да прошетаме и уживаме во убавото време, а трето и најважно затоа што ние Груперци како љубители на празниците и овој пат не пропуштивме да спремиме мало слатко празнично изненадување, што дополнително ќе ви го разубави викендот.

Во духот на Велигден, фарбањето јајца и чоколадните зајачиња продолжува и нашата традиција…. празничните зделки! Од 26.04 до 01.05 ви склопивме мини акција, со ЕКСТРА ПОПУСТИ! Read More

Пролетно будење на вашиот тим – Игра, Дружење, Натпревар

Нешто што нé прави посебно среќни е можноста да се дружиме, забавуваме и натпреваруваме надвор од работната атмосфера. Обожаваме да креираме и испробуваме различни тимски активности во кои секој член од нашето Grouper семеjство може да се пронајде и забавува. Некогаш е потребно само добра идеја и позитивен дух за да се зарази целиот тим со позитивна енергија и желба за заедничка активност, дружба и знаења.

Ние сметаме дека колегите може да прераснат во пријатели, а тимот во најмоќно оружје на секоја компанија само доколку константно се вложува во негова едукација, надградба и дружби од секаков тип.

Кога сме кај делот дружби, не подразбираме само одење во кафана или afterwork cocktail party (што всушност e супер :)) туку и нешто повеќе и поразлично што би поткренало натпреварувачки дух, забава, борба за знаење и игра.

За таа цел оваа пролет решивме да ве мотивираме сите вас, тим лидови, сопственици на мали и големи бизнис да ги засукате ракаквите и да организирате тимска дружба за паметење. За да ви ја олесниме работата припремивме низа зделки по супер цена кои ќе ве поттикнат да го размрдате мозокот, тимскиот дух и да се забавувате заедно со колегите во малку поинаква атмосфера. Read More

Викенд на Здравје со Mastercard

Дечки, Светскиот ден на здравјето се слави секоја година на 7 Април на глобално ниво. Денот го означува основањето на Светската здравствена организација (СЗО) и има за цел да привлече внимание на важните здравствени проблеми со кои се соочува светот секоја година. Пораката за Светскиот ден на здравјето е едноставна: пристап до здравствена заштита без финансиски потешкотии. Исто како и нашата.

Grouper на свој начин ги одбележува светските празници, па не го заборави и овој, кој е посветен на најважната работа за сите нас, за која мора да си признаеме многу често јa сфаќаме “здраво за готово”. Грижата за нашето здравје е почит кон нашето тело и самите себе си, па за таа цел нашиот тим припреми најразлични зделки за прегледи, консултации, испитувања, тестови, анализи и тоа по супер цени на попуст! Read More