Празничен Grouper план

Декември, јаготката на шлагот за 2019 и предвесникот на новата година која наскоро ќе започне.

Слави, празнувања, родендени, Нова година и милион причини за славење и подарување.

Нашиот тим веќе е во активна потрага на подароци за колегите кои им се паднаа на Secret Santa и предновогодишното лудило почна да владеее во нашите канцеларии.

Оваа година за сите вас подготвивме најразлични зделки за претстојните празници од подароци до различни искуства и патувања и ви направивме план за цела зима.

Следете ги чекорите и спремете се за претстојните денови.  Read More

Ви благодариме на поддршката

Дечки дојде тој дел од годината, мојот омилен 😀

Последните денови од Декември, празнична атмосфера, рефлексија на изминатата година и подготовките за наредната.

Оваа година дефинитивно ќе ја запаметам по многу работи. Заедно сo сите колеги ги разгледувавме настаните од изминатата година и сфативме дека најзаслужен за нашата успешна година е нашиот тим од прекрасни вредни луѓе и нашите корисници и соработници кои се секогаш тука за нас.

Во 2018 ја добивме наградата Сајт на Годината + освоивме и 4 други награди во категориите: Најдобар сајт за е-трговија (3то место); Најдобар корпоративен сајт (2ро место); Најдобра мобилна апликација (2ро место) и Најдобар мобилен сајт.

Оваа година дадовме се од себе за да ја оправдаме вашата доверба, срушивме нови рекорди и организиравме многу кампањи и изненадувања. Read More