На 15.06 (четврток), во новите канцеларии на Grouper се одржа едукативен настан со наслов “Едуцирај се и превенирај! Остани Здрава!”, дел од “Остани Здрав”, најголема кампања на Grouper која промовира здрав начин на живот, стекнување и одржување на здрави навики и редовна грижа за сопственото здравје.
Во опуштена, пријатна и интимна атмосфера, пред мала група на пријавени и заинтересирани гости свое излагање имаа:
Проф. Д-р Васил Илиев, специјалист гинеколог акушер и супспецијалист урогинеколог;
Д-р Маќули Хаџи Лега, специјалист акушер, гинеколог и IVF специјалист, специјалист гинеколог за репродуктивна ендокринологија и асистирана репродукција и
Проф. Д-р Нино Васев, специјалист онколог
Д-рМарија Каплак, дерматолог и активен борец со рак на дојка
По официјалното запознавање и обраќање на стручните медицински лица на темата на настанот – рана дијагностика и превенција на рак на дојка, рак на грло на матка и начини и совети за редовна грижа за сопственото здравје, со акцент на женското здравје, следуваше интерактивна и конструктивна панел дискусија со прашања од публиката, водена од страна на Лиридона Беќири, извршен директор на здружението “Езра”,
На панел дискусијата беа поставени повеќе интригантни и интересни прашања кои резултираа со отворена едукативна дебата на која беше заклучено дека раната превенција, редовните прегледи, психо-физичката активност, позитивните мисли и општата грижа за сопственото здравје е приоритет бр. 1 на секоја жена.
Како потврда за горната констатација беше и онлајн вклучување во живо на д-р Марија Каплак, дерматолог и активен борец со рак на дојка која во моментов се наоѓа во Англија и прима терапија за рак на дојка. Марија во неколку минутно излагање се обиде да ни го долови животот на еден борец со рак на дојка, од откривањето до ден денешен, преку воочување и презентација на основните постулати за долг, среќен и исполнет живот.
Денес на менито имаме неодолива понуда за безгрижно и штедливо купување на Grouper со haPPy card… за сите зделки!
Бидејќи доаѓа период на летни одмори (иако временските услови некако не го дозволуваат тоа), период на поекстензивно трошење на финансиските буџети, ти презентираме поприлично атрактивна и интересна понуда која дефинитивно треба да ја разгледаш.
Океј, за што се работи? 💳 Епа, се работи за загарантиран 6% cashback (повраток на средства) за сите купувања преку Grouper со haPPy картичката. Во превод, со секое купување на било која зделка на Grouper во периодот од20.06 до 10.07.2023 со haPPy картичка ќе добиеш 6% cashback директно на твојата трансакциска сметка, односно на твојата haPPy картичка.
Добро, а за што можам да ја искористам понудава? 🤔
Каде и како да аплицирам? 🚶 Доколку немаш посточека haPPy картичка, аплицирањето за картичката може да се изврши во ескпозитурите на НЛБ Банка или во продажните салони на Нептун.
Дознај повеќе за haPPy картичката и аплицирај за haPPy лето.
Ако ти фати око понудава, слободно погледни ги зделките достапни за купување на Grouper ТУКА и искористи ја оваа акција!
Во склоп на кампањата “Остани Здрав”, ти презентираме 8 знаци за рак на дојка за кои можеби не си знаела дека постојат, како се откриваат и/или што значат. Затоа, удобно смести се и почни со читање на знаците кои живот значат!
За многумина, првиот знак за рак на дојка е грутка во дојките. Сепак, симптомите на рак на дојка се варијабилни и нажалост ги има во изобилие – од грутки до некои помалку очигледни знаци како што се промена на бојата, текстурата и визуелниот изглед на кожата и друго.
Она што мора секоја девојка и жена да го знае е фактот дека со самото откривање на симптомите на ракот на дојката не мора да значи дека веќе имаш некоја форма на рак! Затоа, секогаш најдоброто решение на било која дилема е што е можно порана консултација со твојот матичен или било кој друг доктор, стручен во оваа област.
Знаејќи ја горната констатација, есенцијално е ракот на дојката рано да се препознае, дијагностицира и лекува. За луѓето на кои поприлично рано им е дијагностициран рак на дојка, дефинитивно им се овозможува простор и време за темелна дискусија и соодветно навремено планирање за начинот и пристапот на лекување, што значително ги зголемува шансите за поволен краен исход.
Кога станува збор за дијагностицирање на рак на дојка, тајмингот на дијагностицирање е од витално значење. Затоа во прилог ти презентираме 8 симптоми/знаци за на рак на дојка кои ако ги забележиш ќе треба што е можно побрзо да делуваш.
Промени во текстурата на кожата на или околу дојката: набивање
Оваа промена може да сугерира појава на грутка во внатрешноста на дојката, што пак влијае на кратење на лигаментите (фиброзното ткиво) во дојките, а аналогно на тоа ткивото и кожата се навлекуваат навнатре и крајниот резултат е набиен или вдлабнат изглед на кожата.
Промени во текстурата на кожата на или околу дојката: вдлабнатина
Вдлабнувањето на кожата може да сугерира дека ситните канали во дојките, наречени лимфни садови, кои помагаат при ослободување на отпадните и токсични материи од телото, се блокирани.
Оваа појава предизвикува воспалување, отекување и појава на мали ситни дупчиња на поголемиот дел од кожната површина на или околу дојката, со што кожата добива изглед и текстура налик на кора од портокал. Во некои случаи, ова е сериозна индикација за тип на рак на дојка познат како воспалителен карцином на дојка.
Здебелување на ткивото на дојката
Овој симптом може да сугерира појава на грутка во клетките во вродените лобули (одговорни за лачење на млеко) или може да биде уште еден знак дека ситните канали во дојката, наречени лимфни садови, кои му помагаат на телото да се ослободи од отпадните и токсични материи, се блокирани.
Појава на осип со изглед на егзема или црвенило околу и на самата брадавица
Тука имаме многу редок симптом за рак на дојка. Во мал број случаи оваа појава е поврзана со ракот на дојка наречен Паџетова болест. Додека нејзината причина останува непозната, Паџетовата болест предизвикува црвен осип со чешање сличен на егзема, кој воообичаено се појавува околу и на самата брадавица.
Појава на необичен исцедок (налик на крв или гној) од брадавицата, без индикации
Појавата на необичен исцедок сугерира дека клетките на ракот ги обложуваат каналите (малите цевки за носење млеко), зад брадавицата.
Промени во брадавицата како нејзино превртување или промена на положбата/формата на истата
Развивањето на превртена брадавица (освен ако не е вродена појава) што не може да се извлече, може да сугерира дека грутката зад брадавицата ја повлекува навнатре брадавицата.
Појава на оток во пазувите
Што сугерира дека постои грутка во лимфните жлезди (кои му помагаат на телото да се ослободи од отпадните и токсични материи) под рацете. Понекогаш кога ќе се појави грутка под раката може да биде позабележителна отколку на самите дојки.
Самопреглед на дојките
Од суштинско значење е да имаш редовна грижа, преку закажување прегледи и дијагностички анализи на твоите дојки! Зошто? За да можеш прво, да ги препознаеш и откриеш евентуалните симптоми за рак на дојка и второ, правовремена рана дијагностика и третман на болеста за среќен и долговечен живот.
Идејата и целта на оваа кампања е да се пренесе пораката дека секоја жена и девојка треба да работи на себе т.е. да се познава себеси, да го слуша и познава сопственото тело, сѐ со цел да може лесно, брзо и навремено да ги препознае евентуалните промени и гореспоменатите симптоми.
Драги девојки, жени, мајки и неуморни борци, како за крај сакаме да Ве потсетиме дека ракот на дојката и општото женско здравје не е само женска одговорност и грижата за сопственото здравје не е избор, туку начин на живот!
Оваа приказна ја започнуваме со една есенцијална и моќна мисла – благодарение на напредната медицина ниту една жена во 2023 година не треба да ја води битката со рак на грло на матка!
Зошто го кажуваме ова? Затоа што на годишно ниво од рак на грло на матка починуваат преку 300.000 жени во светот, односно на секои 2 минути оваа болест зема по една жртва. Ракот на грлото на матката е четврти најчест канцер кај жените.
Знаејќи ги овие фрапантни и крајно непопуларни факти, многу е важно отворено да се збори на оваа тема (особено кај баба-мајка-ќерка односите), затоа што појавата и евентуалниот развој на оваа болест може да се спречи/забави со редовно одење на гинеколошки прегледи, правење ПАП тестови, внимателно бирање на љубовните партнери, добрата исхрана и општата грижа и нега за сопственото здравје!
Подобро да спречиш, него да лечиш!
Океј, најверојатно веќе имаш јасна слика за што треба да правиш, па затоа ајде да се префлриме на детално и подробно објаснување на што е рак на грло на матка, колку оваа болест е распостранета низ светот, причини за настанување, ризик-фактори и друго. Време е за едукација!
Што е рак на грлото на матката или цервикален карцином?
Mалигно заболување (вид на рак) на грлото на матката. Пенетрирањето на малигни клетки преку базалната мембрана и нивната инфилтрација во стомата на грлото на матката се дефинира како рак на грлото на матката.
Што се случува со болеста во светски рамки? Заради рак на грлото на матката умираат преку 300.000 жени односно на 2 минути една жртва зема болеста. Ракот на грлото на матката е четврти најчест рак кај жените.
Зошто настанува? Најчесто заради инфекција со вирус со име хуман папилома вирус – HPV. Кај 99,7% од случаите со рак на грлото на матката биле инфицирани со HPV.
Што е HPV? Вид на вирус, кој воедно е и најчеста вирусна инфекција на репродуктивниот тракт на двата пола. Постојат повеќе од 150 типови. Два од нив се најчестата причина за развивање на рак на грло на матката. Над 70% од ракот на грлото на матката и преканцерозните лезии се резултат на вирусите – HPV-16 и HPV-18. Истиот се пренесува преку сексуален контакт, особено доколку партнерот/партнерката има генитални брадавици. Може индиректно преку контаминирани предмети или површина. Покрај на грло на матката HPV може да предизвика рак на половите органи на двата пола.
А, дали има други ризик фактори? ДА! Пушење, генетски фактори, инфекција со ХИВ, хламидија, херпес симплекс, гонореа, примена на контрацептивни средства, рана возраст на прв сексуален однос, повеќе сексуални партнери, машки партнер со повеќе претходни сексуални партнерки, повеќеротки, начин на исхрана, хронична имуносупресија и друго.
Кои би биле симптоми на ракот на грлото на матката? Раниот цервикален карцином е често асимптоматичен. Доколку има локално напредната болест може да предизвика симптоми, како што се абнормално вагинално крвавење, како и посткоитално крварење, коитална болка (диспареунија), лачење секрет, болки во карлицата и друго.
Како за крај, мора да споделиме една позитивна вест, а тоа е дека со помош на медицинско-технолошките иновации и напредната наука, ракот на грло на матката може значително полесно, побрзо и поефикасно да се пронајде и навремено да се сопре неговото ширење! Како? Со редовни прегледи, со кои може да се открие присуството на HPV вирусот, последната станица пред појавата на рак на грло на матка.
Знаејќи ги горните факти, денес е многу полесно да се идентификуваат жените кои се под ризик, многу порано пред да се развие инвазивниот карцином.
Затоа, ајде заеднички да ја пренесеме веста за важноста на скринингот на грлото на матката и улогата што ја игра HPV вирусот кај ракот на грлото на матката.