Над 1000 гости во “Ragusa”, одлична музика, многу подароци и добра забава го одбележаа нашиот втор роденден. Слично како и првиот роденден а сепак со различен концепт доделивме овој пат над 200 подароци за гостите. Роденденската Групер зделка овој пат беше грепка со која за 30 ден. корисниците добиваа пијалок и плус можност да изгребат една од над 200те награди.
Како поминавме во кратки црти на видеото подолу.
Бидејќи имаше и такви корисници кои купиле грепки, а не се појавија да си ги изгребат сите оние кои кажаа по два три збора за Групер си добија шанса плус за добивка. Главната награда патувањето за Прага за 2 лица го доби девојка која всушност прво купување и бил купонот за роденденската прослава. Е тоа е среќа 🙂
Медиумските објави на вториот роденден: Успешната интернет македонска приказна прослави 2 години и Grouper.mk продаде 262% повеќе купони во 2012 година