31ви Октомври – Светски Ден на Штедењето

31ви Октомври е Светскиот Ден на Штедењето. Овој “празник” датира од 1924 година од првиот интернационален конгрес на штедните банки во Милано, Италија. Банкарски преставници од 29 земји сакале да покренат свесност и да ги поттикнат луѓето ширум светот да штедат (секако во нивните банки :))

Денес ништо не е сменето. Штедењето е секогаш “in” барем во својата прасе касичка, под перница, во некоја тајна фиока, а најубавото штедење е она што ќе се случи несакајќи, т.е. кога ќе заштедиш 100 денари и ќе ги најдеш во старата јакна од лани.

Познато ви е ова: штедам за одмор, штедам за кола, за стан, штедам “за лошо, за арно”. Кој успешно го прави тоа алал да му е 🙂

Во секој случај, Grouper е секогаш тука за вас да ви помогне да ги добиете сите работи што ги посакувате, а истовремено и добро да заштедите. Еве, во контекст на тоа нашиот годишен предлог за штедење —–> заштедата од сите зделки што ќе ги купувате на Grouper тргнете си ја на страна и верувајте дека на крајот на годината со сите заштедени средства ќе можете да одите на патување! Ем нови искуства, ем масажи, ем квалитетни производи, ем некој дeнар на страна. Добар план, нели?

Некои од зделките се дури и на 97% попуст! Види ги сите зделки ТУКА или симни ја мобилната апликација ТУКА.

Инаку до сега, во изминативе 5 години заедно заштедивме неверојатни 160 милиони денари. Продолжуваме да штедиме со добри зделки, големи попусти, па и да си го славиме овој ден со што поголеми заштеди секој година! А набрзо следува и најголемиот ден на заштеди – неговото височество Кралот на попустите – Black Friday! Секако оваа година одиме три пати појако од лани. Stay tuned!

Купувајте, штедете и бидете умни!

Ве сака вашиот Grouper ***

Iva Trembelieva

Iva Trembelieva

Оперативен директор