Со повеќе од 1000 гости во целосно брендиран простор со доминација на зелената боја во City Hall, го прославивме третиот роденден. Уште поголемо задоволство ни беше што непосредно пред роденденот Групер беше одбран за Најдобар сајт за е-трговија во РМ за 2013 год. Традиционално на корисниците им беа доделени повеќе од 333 вредни подароци, во знакот на бројот 3.
Бидејќи роденденските големи забави ни станаа препознатливи, така и подароците доделени низ игри на среќа не ги изоставивме. Оваа година преку веб апликацијата “Роденденска Слот Машина” доделивме преку 333 подароци.
Сите фотографии од роденденската журка
Одлучивме по повод 3тиот роденден и да ја оживвеме нашата маскота па така Групко ги пречекуваше гостите, денсаше цела вечер и беше ѕвездата на вечерта.

Како и секоја година, годишните анализи ги објавуваме јавно пред нашите корисници, па на видеото може да ја погледнете статистиката за 2013 година. Само во 2013-та година Grouper.mk услужи околу 60.000 корисници кои купија над 185.000 купони од над 950 компании, од вкупно 2.195 зделки, или 93 отсто повеќе од претходната година.
Медиумски објави за 3тата роденденска прослава: Grouper.mk традиционално со голема забава го прослави третиот роденден
Меѓу изненадувањата кои ние ги спремавме за корисниците добивме и контра изненадување од наши корисници кое беше пуштено на видео бим за време на прославата по доделувањето на наградите. Погледнето го најкреативниот подарок кој досега сме го добиле 🙂