4 пати благодарност за 4та победа

Предновогодишниот период е навистина еуфоричен во нашите канцеларии, првo зошто нели ”таков е периодот”, второ бидејќи во тек се припреми за мнооогу новогодишни зделки и подарoци, а дополнително веќе 4та година по ред имаме плус причина зa радост и славење зошто повторно го добивме мандатот од вас нашите верни корисници (гласачи). На 16.12.2017 беа презентирани за јавноста резултатите од последните “избори” за најдобрите сајтови во организација на Сајт на годината, каде Grouper се закити со 4 награди, од кои за прв пат беа 3 први места.  И официјално, Grouper.mk беше најнаградуваниот сајт на овогодинешните избори, а еве во кои категории поточно ја имаме победата:)

  • Прво место Најдoбар сајт за е- трговија и огласи – За оваа награда сме најгорди и многу благодарни што и оваа година ни изгласавте доверба за повторен мандат на врвот. Ова е областа на нашето работење во која сме пионери и лидери и каде се сметаме директно заслужни за целокупниот прогрес од 2011 год. па се до денес. Како што ветивме во програмата за 2018, продолжуваме да работиме на развојот на е-тргововијата во Македонија и влијаејќи директно на промените на пазарот.

  • Прво Место Најдобра мобилна апликација и Прво Мето Најдобар мобилен сајт – Полето во кое постојано инвестираме и се надградуваме последниве неколку години. Среќни сме што добивме златно признание за напорната работа и уште поголем мотив за нови апдејти и дизајни.

  • Второ место Најдобар сајт за 2017 – Веќе трета година по ред ја добиваме оваа награда и горди сме што сме меѓу топ 3 најпопуларни сајтови благодарение на Групер семејството кое од година во година брои сe повеќе членови.

 

Драги корисници, ви благодариме што и овој пат ни овозможивте да добиеме признанија за напорното работење што ни дава мотив и понатаму да растеме и да останеме на врвот, нудејќи ги најдобрите зделки со непобедливи попусти. Годинава ќе ја паметиме по многуте успешни маркетинг кампањи, по првото успешно “кандидирање на локалните избори” со најдобрите 100 зделки за промоција на домашниот туризам,  неколкуте нови членови кои се прикучија на Grouper тимот, и секако по најдобрата Black Friday кампања  која го одбележа крајот на годината.

Ви благодариме за секој даден глас, за секој интересен предлог, пофален збор или упатена критика. Благодарни сме што не следите во толкав голем број и што заедно со нашите соработници веќе 7 години ја градиме успешната Grouper приказна.

Cheers to greater success in 2018!

Ви благодири

Вашиот Grouper тим

Dragana Gjokik

Dragana Gjokik

Маркетинг и продажба