4 причини зошто треба да патуваш оваа пролет во Грција! 🇬🇷

Кога некој некаде ќе го спомне зборот “пролет”, првите асоцијации се поврзани со будење на природата, обојување на околината која не опкружува (нешто како есен, ама со различен спектар на бои), расцутани дрва, вадење еден слој од облеката и можеби најинтересниот дел – пролетно “фаќање магла” негде далеку од градот!

Епа, нашиот фокус во овој блог пост ќе биде 100% насочен за пролетните патувања, домен од нашето работење кој го познаваме и разбираме како левата рака и истовремено уживаме да презентираме, препорачуваме и даваме конструктивни идеи за патувачко-авантуристички искуства кои оставаат траен белег во форма на убави и пријатни спомени кај патувачите.

Па по тој повод, во прилог ти презентираме Топ 4 причини зошто треба да патуваш оваа пролет во Грција, директна инспирација од престојните пролетни празници кои ако ги споиш добиваш еден тон слободни денови за патување (читаj: пролетни празници кои може да траат и до 10 дена!) 👇👇👇👇

1. Прекрасни плажи и чист морски воздух 🏖️ 🌊

Нема кој не копнее за лежерно и опуштено уживање на плажа! Океј, не е лето, нема да можеш во целост да ги искористиш бенефитите од одењето на плажа, но со сигурност комбото плажа + море допринесува за будење на сетилата, релаксирање на телото и умот и полнење на батериите. Но, кај нас летото пристигна порано од очекуваното, па затоа слободно прошетај се и разгледај ги нашите летни понуди

Епа, штом е таква работата, време е за пролетно плажирање овој Велигден во Неа Модања, Халкидики, совршено место за полнење на белите дробови, одмарање на очите покрај море и уживање во долгите песочни прошетки. 

П.С Не заборавај да го понесеш фотоапаратот со себе и да направиш лудница фотографии за на Инстаграм! 

П.П.С Ако сакаш, можеш да не тагнеш на твоите фотографии (@grouper.mk), ќе ни значи!

2. Живописен планински предел опкружен со манастири и лековита изворска вода ⛰️ 💧

Ако си од оние луѓе кои едвај чекаат убаво време (читај: сонце и чист воздух), тогаш планина е тоа што ти треба. За планински туризам нема подобро место од Македонија, но ако планините во нашата држава ти се “здосадени” и си во потрага по нешто ново, нешто свежо, тогаш Лутраки, Грција е дестинацијата што ја бараш! 100% уживање во сонцето, 100% медитација на трева и 100% пријатно и релаксирано пролетно опуштање. 

Оддалечен само 100 км од Солун, местото Лутраки е лоцирано во подножјето на планински предели кои изобилуваат со природни убавини и бујна вегетација, опкружено со голем број на манастири, потоци и многубројни места совршени за прошетка и планинско пешачење.

Факт: Во близина на хотелот се наоѓа и прочуената бања Лутраки која што располага со природна изворска термална вода со лековити својства и воедно се работи за една од најпродаваните флаширани изворски води во цела Грција, позната под името „Лутра“.

3. Шопинг во Солун

Не ти се оди на плажа во пролет – 🆗

Не ти се оди на планина во пролет – 🆗

А, еднодневна шопинг тура во Солун со превоз? – ✅

Ако си фан на пролетни урбани прошетки, тогаш еднодневна шопинг екскурзија во Солун, покрај море, на чист воздух со фрапе во рака е добитна комбинација! Прво, одиш до IKEA да си купиш нешто за по дома, потоа, малку до Cosmos на збогатување на ормарот со некое ново парче облека и на крај гиро + палачинка и назад накај дома! Дефинитивно квалитетно потрошен ден! 

4. Одмор во пролет? Може! 🌸 🌴

Кој рече дека на одмор се оди само во лето? Со толку слободни и топли (силно стискаме палци) денови, одмор во пролет е повеќе од реалност. Затоа, не оди подалеку од одмор во Каламици, Ситониа, каде што ќе бидеш удобно сместен во хотел со 4 ѕвездички, послужен со богат појадок и будење со поглед на базен. Совршено интро за летото што следува! 

Океј, понудите се на маса, дали веќе знаеш кој ќе биде твојот партнер за ова пролетно патување? Одбери ја твојата дестинација ТУКА, испрати ја до омилениот партнер/друштво за патување и почни да го пакуваш куферот. Оваа пролет ќе се памти! 🤗

Веќе имаш повеќе од 4 причини за да уживаш оваа пролет во убавините на Грција!