4тата роденденска Grouper приказна

Како што повеќето од вас знаете и сте забележале, покрај тоа што напорно работиме, сакаме да славиме и да се веселиме, секако уште повеќе кога има убав повод. Затоа традиционално секој Јануари, 4 години по ред го прославуваме роденденот со отворени забави на кои уживме во Вашето огромно присуство, од Вас корисниците и соработниците.

За нас приказната за роденден започнува многу порано од датумот на прослава. Целата организација е слатка опсесија за секој член од тимот минимум 2-3 месеци претходно, со многу браинсторм состаноци каде ја смислуваме новата креатива за настанот.

Првиот роденден го прославиваме со околу 100тина подароци, кои се доделуваа со влечење од купените купони. На вториот роденден доделувавме грепки во кои се криеа 200 подароци. Третиот роденден имавме веб апликација наречена Слот Роденденска машина каде секој корисник имаше по 3 вртења и можеше да добие еден од 300те подароци кои се доделуваа на забавата.

И оваа година повторно грепките. Вообичаено не практикуваме да повториме нешто, ама ова знаете зошто го направивме?

Затоа што секогаш ги слушаме  вашите предлози, мислења, желби, преференции и се трудиме максимално да ги отствариме. Минатата година секој втор гостин кој влегуваше на врата прашуваше “Каде се грепките?” “Зошто нема грепки?” и добивме неколку разочарани погледи кои чекале да гребат грепки 🙂

Баш поради тоа овозможивме 400 подароци, како што е редот за 4ти роденден. Дел се криеа во грепките, дел беа брендирани Grouper подароци, и дел се доделија со извлекување.

Роденденската еуфорија започна со снимањето на роденденската видео покана, која ја склопивме со помош на нашите скриени таленти за глума и Movie making. Не ја видовте?

А знаете што е уште подобро од средено видео? Нормално behind the scenes т.е. making of кадри:

Но да почнеме од почеток. Го резервираме City Hall и со многу рачиња од страна на тимот го декориравме просторот во наш стил, мислејќи во секој момент за тоа што би било најзабавно и најпријатно за нашите корисници. Главните места “да се биде” вечерта беа нормално пред главната сцена, т.е. пред бендот, Grouper Green Corner каде се делеа свежо брендирани маички од новата колекција на Grouper 🙂 но и чадори, што беше полн погодок за врнежливата вечер, и Halkbank Blue Corner каде имаше интересни реквизити за фотографирање. Погледнете го албумот, ако сте биле да се пронајдете, ако не да видите што сте пропуштиле.

Вечерта ја отвори Жарко Димитриоски, а воедно беше и гласот и смеата во текот на вечерта. Покрај него, атмосферата кулминираше со музиката на Тумбао Салса Бенд, кои не држеа на нозе и цела вечер, па дури и најздрвените почнаа да цупкаат. Позитивната енергија во текот на забавата покрај многуте насмеани лица, кои патем беа околу 1000, секако беше по заслуга на Групко, нашата добро позната маскота, кој со широки раце ги пречека сите гости, се фотографираше, и ги покажа најдобрите чекори и  потези на подиумот. Тоа сунѓерасто човече мислам дека е најомилен член од тимот, судено според бројот на прегратки кои си ги доби од гостите.

Повелете видео доказ за неповторливата атмосфера и незаборавната роденденска забава

Времето летна и чукна полноќ, со што дојде време за големото извлекување на највредните подароци: аранжман за двајца за Истанбул, луксузни викенди во Банско во хотели со 5 ѕвезди и Grouper gift картички. Жарко ги извлече среќниците, а нормално тука беше Групко да асистира и топло да им честита на извлечените. Дури имаше и спонтано караоке вредно да се спомене, со само-пријавени гости. Забавата го одржа интензитетот до самиот крај, се доделија сите 400 подароци и многу лица со насмевка си заминаа.

Како што е порастот од година во година на подароци кои се доделуваат така растеме и ние. Расте тимот кој сега брои 13 членови, расте бројот на соработници, расте бројот на продадени купони, оваа година пораст од 30% во споредба со 2014 и расте бројот на корисници секако. 80.000 корисници – цел Grouper град сме веќе 🙂

И бидејќи нема да должам со бројки за крај би сакала да споделам 3 значајни работи од ретроспективата на 2014 година.

  1. За прв пат организиравме Black Friday акција, која ги сруши сите рекорди. Над 2000 продадени купони во еден ден. Особено ни беше драго што добивме многу позитивни коментари за истата на социјалните медиуми.
  2. По втор пат ја освоивме наградата за најдобар сајт за е-трговија на годината, добивме награда и за најдобар мобилен сајт, а бевме едниствени што земавме 3 награди, второ место за најдобар фејсбук страна.
  3. Понатаму, оваа година во јули лансиравме мобилна апликација Grouper.mk достапна за Android и iOS корисниците која веќе брои 20.000 инсталации, 80% андроид спрема 20% iOS. Корисниците на апликацијата се на само еден клик од купување и искористување на купоните, веќе не е потребно печатење на купоните, доволно е да ја имате апликацијата и истите да ги покажете од неа. Трговците од друга страна добија нов лесен начин за проверка и валидација на купоните. Над 25% од купувањата во изминатите месеци се напревени преку мобилната апликација. Продолжуваме со реализација на плановите и новините за апликацијата и воопшто за техничките функционалности и во 2015 за да го олесниме и подобриме искуството за сите вас.И за крај бидејќи оваа година се посветивме на туризмот пишете ни email каде да ве носиме оваа 2015та на попуст.

На крај, сакаме да Ви се заблагодариме на сите 1000 присутни, корисници, соработници и пријатели во чија чест ја организиравме оваа прекрасна вечер и се гледаме на следниот роденден, кој – каj и да е  – ќе почнеме да го осмислуваме 🙂

 

Iva Trembelieva

Iva Trembelieva

Оперативен директор