За некои Скопје е мало и стресно гратче, за некои забавно и весело, за некои е монотоно и здодевно но на крајот се сведува на една иста желба, да се најде или создаде место каде би можеле да се опуштиме и релаксираме после врнежливата работна недела.
Па дечки, погледнете ги моите 5 предлози за викенд активности кои ги подготвив за вас и одберете ја вашата омилена:
1. Ручек со пријателите
Најбрзата и наједноставната опција која би ви ја предложила е веднаш да ги договорите пријателите на дружење со добар ручек и по некоја пијачка.
- За љубителите на пица, без двоумење, би рекла: Резервирајте во Ресторан Џино и вкусете ја италијанската магија приготвена на уникатен начин.
- За оние кои се врвни гурмани и постојано се во потрага по префинето задоволство во луксузен амбиент, искрено би им препорачала да го посетат District Bar & Kitchen.
- Must try (за храбрите) “Pinky” Рижото со цвекло и горгонзола
- И секогаш има предлог за неодлучните (како мене) кои сигурно ќе се пронајдат во Portofino Osteria and Bar со различен избор на јадења за сечиј вкус каде може да наздрават со чаша Aperol
по супер цена.
2. Масажа или Спа
- Земете го вашиот партнер после работа, однесете го во Студио Рефреш, изненадете го со тандем масажа на цело тело, препуштете се во сигурни раце на професионалци и одете си дома свежи и опуштени. Relax and chill.
- Или пак, искористете ја можноста да го разгалите вашето тело со користење на Спа центар цели 2 часа. Се прашувате каде?
-На само чекор од вас а сепак надвор од урбаниот хаос и метеж се наоѓа одговорот на вашата желба за релаксација – Хотел Гарден Спа.
3. Викенд во планина
- Не ги заборавив и оние коа сакаат да избегаат од Скопје за да ги наполнат батериите и да се вратат свежи за почеток на нова работна недела и нови предизвици. За нив совршена понуда да бидат опкружени со природа и да дишат чист воздух би било Банско со All Inc ноќевање во St. George Ski & Holiday 4* или HB ноќевање во Hotel Maraya Bansko 4*
4. Параглајдинг/Рафтинг/Едрење
Доколку сето ова досега за вас е познато и искусено, ви предлагам незаборавно адреналинско искуство и нови предизвици.
- Подарете си себеси или на вашите најблиски искуство кое ќе се памети цел живот. Одлична можност да го погледнете градот Скопје од поинаква перспектива која ќе ви го одземе здивот и ќе го донесе вашиот адреналин на максимално ниво со тандем летање со параглајдер од Водно.
- Рафтинг – Тара?
Токму така!
Ова е вистински период за сите оние кои сакаат адреналински рафтинг низ најатрактивните делови на кањонот на реката исполнет со водопади, извори и природа која ретко кого остава рамнодушен. Не ја пропуштајте оваа понуда, изберете тридневен аранжман на Тара и препуштете се на авантурата која ќе ве остави без здив.
- Едрење – танц на ветерот и морето!
Нашите екскурзии со едрење ќе ви овозможат едно несекојдневно искуство по кое ќе го паметите вашиот престој во Охрид. Приклучете се на оваа едриличарска авантура и дозволете им на нашите искусни скипери да ве запознаат со тајните на едрењето и езерото.
Не ви се вози до Охрид само за 2 часа едрење?
-Не грижете се, мислиме на се, обезбедивме и понуди за престој, погледнете ги ТУКА и резервирајте си соба.
5. Шопинг
Би рекла најслаткото за крај.
Научно е докажано дека шопингот е ослободувач на стрес, особено кога не му приредувате трауми на вашиот паричник.
Активност која е многу позната за женската популација, но нашите 2 понуди ќе измамат насмевки и кај машкиот пол.
Време е за големи попусти, и добри Grouper понуди за супер петочно опуштање.
- Посетете го Arthurs за урбано лето со уникатни обувки и искористете можност за попуст до 50%.
- А за љубителите на спортот и спортската опрема срдечно им препорачувам да ја зграпчат можноста за искористување до 70% попуст во Megasport
Па дечки, се надевам ви го скратив времето за размислување и ви помогнав да добиете идеи за малку поразличен и исполнет викенд … you miss 100% of the shots you don’t take!