blog-5rodenden

5 златни зделки за нашиот 5ти роденден!

Ние полниме 5 години! За да го прославиме нашиот раст и прераснување од сајт за групни попусти кој пред 5 години нудеше една “зделка на денот” во најголемиот сајт за е-трговија во Македонија денес, со стотици активни зделки за што и да посакате, подготвивме специјално изненадување за вас! И изненадувањето решивме да ви го проследиме со песна…♪ ♫ ♬

Еве не како ви пееме…или не пееме? Или се правиме дека пееме? Ама не е важно кој пее, важно е за што се пее. Во препевот стои пораката за роденденот!Слееееди месец полн возбуууудииии ♪ ♫ ♬


Posted by Grouper.mk on Thursday, February 11, 2016

Веќе сме над 100.000 групери во Grouper заедницата, барањата и очекувањата растат па мораме да мислиме на сите. Секогаш сакаме да креираме нешто плус, да додадеме вредност плус за вас, па така бидејќи златната рипка исполнува 3 желби ние решивме да додадеме +2 и да ви ги понудиме 5те НАЈнепобедливи зделки ever – 5те златни зделки на Кралот на попустите по повод 5тиот Grouper роденден!

Што е златна зделка? Златна зделка е зделка на која никој нема да може да и одолее и веднаш ќе сака да ја има. Ќе ја сподели со пријателите и ќе ја ужива со стил. Златната зделка исполнува желба, потреба или барање. Златната зделка може да е најпродаваната и најбараната зделка што некогаш била објавена или нешто комплетно ново кое никогаш не било до сега понудено.

5 недели по ред – 5 непобедливи зделки – 5 непобедливи брендови

Ветуваме возбудлив месец
Stay Tuned Групери

Nina Angelovska

Nina Angelovska

Ко-сопственик на Grouper.mk