Стигнавме до големата бројка 50.000 инсталации!
Ова е дечки, огромен успех за нас.
По многу месеци поминати за тоа како да се подобри Grouper искуството, со оваа бројка ја добивме поддршката од вас дека одиме во правилна насока!
Ви благодариме за поддршката!
Дел од причините зошто да ја инсталирате може да ги погледнете овде!
П.С. Вашите забелешки се добредојдени. Пишете ни во коментар подолу, нашите девелопери се со отворени уши!
Ја користиме приликава за да испратиме голем поздрав и уште поголемо благодарам до момчето со кого ја започнавме оваа авантура Димитар Јованов , виртуозниот Петар Атанасов кој едноставно имаше брзо решение за се и нормално Дарко Гроздановски кој безрезервно несебично и со големо срце го поддржа Grouper.mk
50 000 инсталации на Grouper Android мобилната апликација!
Чисто информативно, ако не знаете колкава бројка е таа, еве за да стане појасно:
- 50.000 е отприлика бројот на жители на Тетово
- 50.000 луѓе можат да пополнат 100 двокатни автобуси
- 50.000 луѓе е капацитетот на фудбалскиот стадион на Paris Saint Germain.
Ако има бројка за големина на нашата радост, таа сигурно би била 50.000 :)))
Симнете ја Grouper Android или iOS апликацијата и уживајте во купувањето!