Grouper наполни 6 години! 6 години напорна работа, тимски дух, предизвици, 6 години грижа за нашите корисници, најголеми попусти, непобедливи зделки, нови искуства, 6 години влијание врз е-трговијата на Македонија, 6 години непрекината пасија, љубов и мотив за да бидеме најдобри за вас! За овие 6 години прераснаваме во големо семејство од 130.000 корисници и над 2000 соработнци. За 6 години освоиме 9 награди за Сајт на Годината, ама најголемата награда од сé ни била и ќе остане задоволството на нашите корисници. Затоа за вас секогаш подготвуваме нешто посебно. Нашиот роденден е препознатлив по тоа што вие секогаш добивате повеќе, уживате двојно и се радувате највеќе заедно со нас. Оваа година, покрај акцијата за 6.6% Cash back со Mastercard, роденденски традиционално со голема возбуда ви го преставуваме и:
ЗЛАТНО ИЗНЕНАДУВАЊЕ VOL. 2 познато како ЗЛАТНИ ЗДЕЛКИ!
5 златни зделки имавме и лани. По ланскиот успех решивме да ја патентираме “златната зделка” како поим! Златната зделка е најбараната зделка, златната зделка е најпосакуваната и напродаваната зделка во годината. Да се потсетиме уште еднаш:
Златна зделка е зделка на која никој нема да може да и одолее и веднаш ќе сака да ја има. Ќе ја сподели со пријателите и ќе ја ужива со стил. Златната зделка исполнува желба, потреба или барање. Златната зделка може да е најпродаваната и најбараната зделка што некогаш била објавена или нешто комплетно ново кое никогаш не било до сега понудено.
Зошто златни зделки Vol. 2? Затоа што се најпосакуваните зделки во годината! Затоа што лани се продадоа 17847 купони само од златните зделки. Зошто 6700 корисници лани ги уживаа златните зделки. Зошто една златна зделка продаде 9024 купони! Зошто златната традиција е најдобра традиција, а златото највеќе блеска! Следете нé од следната недела за златен старт на новата роденденска акција. Оваа година секако, повеќе златни зделки, нови брендови, и наместо секоја недела, нова златна зделка ќе ве чека секој ден на www.grouper.mk!
Ве сака златниот славеник Grouper!