Дечки, без никаква посебна увертира сакаме да ви пренесеме голема возбуда. На 21ви јануари Grouper полни 8 години! Бројка која за нас е полна со искуства, полна со лекции, со љубов, со труд! 2.920 денови и ноќи поминати во идеи и реализација не донесоа до овој ден – роденден, кој и тоа како сакаме да го прославиме заедно со вас.
Пред 4 години, на нашиот 5ти роденден, притисокот за роденденско изненадување беше голем. Сакавме нешто специјално за нашите корисници, нешто што ќе ја симболизира нашата 5та година или 5 години остварена конекција и доверба со вас. Нешто ново, но вредно да се повторува и бара. И така, тимски, ги донесовме златни зделки за прв пат. Па дури и запеaвме по тој повод (кој знае, знае) Останато, како што викаат е историја. Сега, иако бројката не е јубилејна како 5ката, таа поголема, помудра, посилна, таа е бесконечна, со традиција на почитување на најдоброто од нашите соработници за нашите корисници. Златните зделки се нашата роденденска традиција!
Така и оваа 8-ма на нашето роденденско мени се златни зделки од премиум брендови со најдобри цени до сега. Предизвикот е секогаш да се надминуваме.
За оние кои што сте со нас, веќе знаете што значи златна зделка и немајте сомнеж дека ќе биде тешко да се оддолее. За сите вас кои сте прв пат со нас, добредојдовте во најпосакуваната кампања на Grouper. Да ви претставиме, што е златна зделка:
Златна зделка е зделка на која никој нема да може да и одолее и веднаш ќе сака да ја има. Ќе ја сподели со пријателите и ќе ја ужива со стил. Златната зделка исполнува желба, потреба или барање. Златната зделка може да е најпродаваната и најбараната зделка што некогаш била објавена или нешто комплетно ново кое никогаш не било до сега понудено.
РОДЕНДЕНСКИ СТАРТ: 21.01.2019
P.S. 60% од нашиот тим се јануарски деца! Коинциденција?
Ве сака до бесконечност вашиот Grouper тим