9 години Grouper! Оваа година некако сме посебно чувствителни и разнежнети. Можеби дека изминатата година беше многу значајна за нас, можеби дека сме на крајот на првата декада од постоењето на Grouper, а можеби и зошто многу сакаме родендени. А знаете што оди рака под рака со нашиот роденден? – Златни зделки! А знаете Златни зделки без што не можат? Без нашите златни деца (читај Grouper тим) да ги обезбедат за вас!
Сé кога е со љубов направено, во злато се претвора. Клише? Можеби. Дали важи за во овој случај? Дефинитивно, апсолутно, сигурно, да!
Оваа година, кратко и јасно, без да трошиме време за да фатиме некоја зделка и ние и вие, да се потсетиме:
Златна зделка е зделка на која никој нема да може да и одолее и веднаш ќе сака да ја има. Ќе ја сподели со пријателите и ќе ја ужива со стил. Златната зделка исполнува желба, потреба или барање. Златната зделка може да е најпродаваната и најбараната зделка што некогаш била објавена или нешто комплетно ново кое никогаш не било до сега понудено.
РОДЕНДЕНСКИ СТАРТ: 21.01.2020
+ кец во ракав: специјално изненадување во текот на кампањата, а тоа е “Златни Грепки”. Повеќе ништо не кажувам, бидете трпеливи 🙂
Поздрав од нашите златни деца, од кои 70% се родени во јануари. Секој ден – роденден, плус избор на подарок ќе биде најлесна работа – златна зделка за тебе, и за тебе и за тебе!
Златен поздрав од вашиот Grouper