9 причини зошто да подарите купон за 8ми Март?

Секој купува подарок за 8ми Март, бидејќи секој сака да подари внимание на една од своите сакани дами. Сите имаме мајка, или сестра, или пријателка, или тетка, или баба, или девојка, сопруга, колешка, вереница, комшика па и љубовница 🙂 Нема шанси да поминете без најмалку еден подарок, а бројот може да се зголеми со геометриска прогресија во зависност од жените кои ве опкружуваат.

Прашањето е како да им посветите еднакво внимание на сите, без многу потрошено време, а сепак сите да добијат специјално одбран подарок? Со Grouper купон! Проследете ги 9те причини зошто е одличен избор да подарите купон за 8ми Март:

  1. Заштедувате време: купувањето купон  е едноставно, брзо и лесно, се прави од дома од вашиот компјутер или во движење од мобилен уред.
  2. Момент на изненадување: можете купонот да го купите за пријателката и истиот да стигне на нејзината e-mail адреса.
  3. Специјален дизајн: сите купони кои ќе се подарат преку Grouper од 5ти до 8ми Март ќе бидат со специјален 8мо Мартовски дизајн, нема потреба од дополнителни честитки
  4. Креативно решение: можете купонот да го испечатите и да го прикачите на цвет, букет, да го ставите во бонбониера, во плико со машна, или во ќесата со останатите подароци, ако сте по дарежливи 🙂
  5. Персонализиран подарок: со купонот можете да подарите искуство, како на пример масажа, курс по танц , па дури и организирано патување.
  6. Инстант подарок: купи за пријател, внеси e-mail адреса и за неколку минути купонот стигнува до примачот. Ова е супер ако случајно сте заборавиле да одберете подарок, но е и одлична можност за last minute одлука, па купувањето можете  да го направите дури и во недела на 8ми март.
  7. Оригинална идеја: конвенционалната ружа е добра ама оваа година сепак можете да ја замените со нешто понеобично, на пример рачно изработени мафини во форма на цвет.
  8. Лесно пребарување на подарок: наместо да влегувате од една во друга продавница, на Grouper лесно ќе стигнете до вистинскиот подарок. За денот на жената, направивме посебна категорија на зделки – 8ми Март, каде се собрани сите зделки кои можете да ги подарите на овој празник. Во категоријата има дури и специјализирани подкатегории, како што се 8ми Март подароци, 8ми Март слатки, и 8ми Март патувања
  9. И секако заштедувате пари: сите подароци купени од Grouper се на гооолем попуст, а примателот нема да ја види цената 🙂

Вака ќе изгледа купонот кој ќе го подарите од 5ти до 8ми Март.

001

Се надеваме дека ви помогнавме во изборот на совршениот подарок. И да не заборавиме дека дури и најскромните дами се радуваат на подароци. Среќен 8ми Март!

8mi mart zdelki

Iva Trembelieva

Iva Trembelieva

Оперативен директор