Драги корисници, соработници и партнери! Сите вие сте дел од Grouper заедницата која заедно ја градиме, која расте и се развива со секоја една објавена зделка, со секој еден купен купон, со секое ново искусто, ново патување… од ден во ден, од година во година! Сите вас ве чувствуваме како наши пријатели со кои сакаме да споделиме убави моменти и радост. Радоста која ја споделуваме денес е поттикната од 2те награди кои ги добивме оваа година на изборот за сајт на годината.
По втор пат оваа година Grouper беше прогласен за Најдобар Мобилен Сајт, а дополнително она што особено ни значи и ни дава поттик за уште понапорна работа е наградата која ни беше доделена – второ место за Најдобар Сајт во Македонија за 2015 година. Благодарение на сите вас, оваа година одиме чекор напред во најшироката категорија на сајтови наменети за целата популација.
По речиси 5 годнишно постоење заедницата веќе брои 100.000 Групери! 100.000 Групери на кои Grouper им е првото место кое го посетуваат кога сакаат да вкусат нешто ново, кога го планираат нивното патување, кога сакаат да закажат здравствен преглед, кога сакаат да откријат ново место, да купат подарок или едноставно кога сакаат добра зделка. Сите Вие 100.000 Групери сте нашата инспирација и мотивација за понапорна работа и благодарение на вашиот глас Grouper беше награден трета година по ред.
ВИЕ ни ги подаривте овие награди и за тоа вам сме ви најблагодарни! Ви благодариме што ни ги разубавевте празниците и ни ги наполнивте батериите за да работиме дупло за празниците и може да ги понудиме најдобрите празнични и снежни зделки.
Бидете позитивни, среќни и искрени и уживајте во празниците,
Искрено благодарен,
Вашиот Grouper тим