blog-post-img-2

Победници Недела на Храна #СкопјеГурман

 

Омилената и најголема Недела на Храна #СкопјеГурман полека завршува, но уште долго нема да ги заборавиме вкусните зделки од 61 ресторан и гурманското доживување во Скопје, во кое во скоро два месеци ниту еден гурман не остана рамнодушен, а уште помалку гладен.

Кога се работи за храна, на никој не му е сеедно што ќе јаде, дали ќе биде воодушевен од послуженото или ќе си оди со полн стомак, но тажна фацка. (more…)

Прочитај Повеќе

blog_touring_macedonia

Touring Macedonia & GROUPER! Авантура и адреналин на попуст

Авантуристички туризам: патување и откривање на нови, необични, егзотични, скриени или диви предели. Искуство кое опфаќа 3 главни компоненти – физичка активност, културно доживување и блискост со природата.

Авантуристички турист: Трагачи по возбуда, сакаат да откриваат нови недопрени предели, но истовремено и да ги надминуваат своите лични граници, да ги отворат умовите и да излезат од својата комфорна зона.

Но, што ако ти кажеме дека за да ги прошириш своите хоризонти не мора да го прошируваш и џебот? Што ако недопрената убавина и скришна магија е тука, достапна, блиску, дома?

Дали твоето нескротено авантуристичко срце ќе одолее на живописните планини, длабоки езера, мистични села и највкусната од сите кујни? И дали си вистински авантурист ако не ги знаеш тајните на родната земја?

Дали ќе одолееш на Македонија (more…)

Прочитај Повеќе

foto_natprevar_blog

Фото натпревар #НеделаНаХрана за Делимано подароци!

GROUPER  е секогаш за натпревар, за конкуренција, за добра фотка и за подароци!

За Недела На Храна да биде уште повозбудлива и послатка, за гурманите со натпреварувачки дух најавуваме #СкопјеГурман & #delimanomk Фото натпревар на Facebook и Instagram кој ќе трае до 15.07.2017! (Види го минатагодишниот contest ТУКА)

Ако во ресторан едвај го чекаш јадењето за да го сликаш и собираш лајкови со омилената паста, ова е предизвик за тебе… (more…)

Прочитај Повеќе

nedela-na-hrana-blog

Скопје Гурман ти ќе бидеш! Стартува #НеделаНаХрана

Дали конечно дојде Јуни? Дали е веќе 5ти Јуни и дали е време за Недела На Храна на Grouper?

Да! Помина цела гладна година, но тука е, време е и конечно ја дочекавме највкусната Груперска акција, кампањата за гладни, стрвни, гурмани, јадачи, ресторанџии, кафанџии и дегустатори.

Слатки и солени наши Групери, на 5ти јуни почнува НАЈГОЛЕМАТА КАМПАЊА ЗА ГУРМАНИ ВО ГРАДОТ која ќе го претвори Скопје во најгурманско место за дегустација, со преку 50 врвни ресторани кои ќе понудат над 100 гурмански зделки по најдобри цени и ќе ги полудат вашите сетила со разновидна домашна и интернационална кујна. Значи од 5ти јуни ем нема готвење ем има јадење и избор – се што може да се посака!

(more…)

Прочитај Повеќе

blog

Weekend Educational Courses – online едукација со најниски цени!

Ако мислевте дека големото Weekend Shopping лудило заврши, brace yourself за уште едно груперско доживување по неодоливо ниски цени и екстремно високи попусти.

Како огромен поддржувач на знаењето, науката, учењето и новите вештини, Grouper ја смисли темата за овој викенд! Овој викенд е за умните глави, за ненаситните од знаење, за оние што знаат дека учењето е ин, знаењето е моќ, а smart is the new sexy!  

(more…)

Прочитај Повеќе

blog

Grouper Weekend Mania #4 – Викенд зделки со ЕКСТРА попуст!

ОК, дека Grouper Weekend Mania не е шала, докажавме со вкупно продадените 4500 купони, со лудилото “Што ќе има овој викенд на Grouper?”, со неверојатно ниските цени, страшно популарни брендови и бројните суперекономични зделки за патувања.

99 shop ги разбуди штедливите Групери и оние кои се секогаш спремни да зграбат добра зделка, Best of Grouper ги заинтригира и најскептичните и сомничавите (Зошто баш Grouper?), додека третата Weekend Mania Патувања ги погоди сите кои едвај чекаа убавото време да го искористат за нова авантура и нови искуства.

Изминатите викенд акции ги создававме во една тема и во ист дух, па овој викенд одлучивме да подготвиме непредвидлива и откачена Grouper Weekend Mania #4!

(more…)

Прочитај Повеќе

blog

Weekend Mania#3 ✈ Патувања по најдобри цени!

Викаат луѓето биле најсреќни во сабота накај 19 часот, што му доаѓа негде на средина на викенд. Како кога си на 5тиот ден од 10 дневен одмор, полувреме од утакмица или до пола добар филм. Знаеш дека има уште, дека ќе биде добро и сé може да се случи!

Епа Груперци, Weekend Shopping Mania е баш на пола, стигнавме до 3тиот од 5 викенд акции. Дека на сите на им се допадна викенд лудилото, видовме од вкупно купените 3600 купони за време на супер штедливиот 99 shop и атрактивниот Best of Grouper викенд! Вака загреани, разработени и разбудени, ја подготвуваме третата Weekend Mania, посветена на една од вашите омилени категории!

3та среќа на Grouper викендите: Weekend Mania#3 – Патувања! (more…)

Прочитај Повеќе

blog2

Weekend Shopping Mania #2 – Best of Grouper!

Weekend Shopping Mania започна баш лудо, еуфорично, манично и весело како што очекувавме! Супер зделките – сè за 99 ден ги заинтригираа сите Груперци и секој брзаше да се поднови со симпатичен и корисен производ, да си најде масажа, фенирање, куглање или да се почасти со вкусна лапачка по непобедлива и неповторлива цена!

Grouper, креативен и вреден како секогаш, се гордееше на успешната акција, на продадените 1823 купони и на задоволните корисници, па ги засука ракавите да подготви нова Weekend Mania и да ги натера Груперци едваааааааај да го чекаат наредниот викенд  (#којнесакавикенд). 5 викенди по ред се ветени, ветување си е ветување! :)

Се мислевме, се договаравме и одлучивме овој викенд да биде баш НАЈ! Овој викенд од 01.04 – 2.04.2017 (зделките почнуваат од 00:00!) го прогласуваме за THE BEST OF GROUPER викенд, или најдоброто од нас, со најпосакуваните, најпродаваните и најбараните зделки од најквалитетните Grouper соработници и нормално по најекономична и ниска цена и најголем попуст!

Тука ќе може да најдете дел од зделките за кои сите зборуваа, а вие ги пропуштивте, или пак толку беа добри што ги сакате пак, или пак нешто ново на кое е тешко да се оддолее. Нешто како златна зделка, ама само 48 часа! (more…)

Прочитај Повеќе

blog_weekend_mania

СТАРТ ➡️️ Weekend Shopping Mania #1

 

“Што ден сме денес, уште колку има до викенд?” “Кај ќе одиш викендов, ќе шеташ негде?” “Викендов времето ќе биде топ, ај да правиме нешто!” “Убав викенд дечки, се гледаме во понеделник!”

Викенд, викенд, викенд!

Самиот збор носи радост, очекување, возбуда и среќа! Викендот е како сладолед, како љубов, музика, одмор, шопинг, подарок, топол леб, Grouper, добар филм, добра журка… Не може да не го сакаш! За викенд се случуваат најдобрите работи и се создаваат најдобрите спомени. Почнувајќи од петочки after work, журка со другарите, прошетки во парк и на шопинг, кафе, спортување, планинарење, дотерување, прошетки на Водно и Матка, трчање на кеј, цело семејство на ручек на куп, патување, спиење и слобода! Ах како не е секој ден викенд. (more…)

Прочитај Повеќе

blog_nagradi_mastercard_naslovna

Најсреќните добитници на наградната игра Smart празници со Grouper и Mastercard

Кога ќе се спојат две супер сили како Grouper и MasterCard да организираат наградна игра, не може да се очекува ништо помалку од одлична акција, журка со конфети и луди награди како Samsung Galaxy S7 и iPhone7! Со други зборови, Go big or go home, а ние дома не си одиме пред да донесеме широки насмевки на нашите верни Grouper корисници.

Како што ветивме на почетокот на Наградната игра со MasterCard, на 23.01.2017 година, во Facebook емисија во живо, ги извлековме двата најсреќни Grouper корисници кои купувале зделки со MasterCard картички во периодот од 15.12.2016 до 20.01.2017 и им ги доделивме најдобрите смарт телефони во моментот. Извлекувањето беше во наш стил, возбудливо, гласно, весело, откачено, фер и транспарентно. Скандиравме Мите, па скандиравме Соња и едвај чекавме да ги запознаеме и да им ги врачиме наградите.

(more…)

Прочитај Повеќе