Дечки дојде тој дел од годината, мојот омилен 😀
Последните денови од Декември, празнична атмосфера, рефлексија на изминатата година и подготовките за наредната.
Оваа година дефинитивно ќе ја запаметам по многу работи. Заедно сo сите колеги ги разгледувавме настаните од изминатата година и сфативме дека најзаслужен за нашата успешна година е нашиот тим од прекрасни вредни луѓе и нашите корисници и соработници кои се секогаш тука за нас.
Во 2018 ја добивме наградата Сајт на Годината + освоивме и 4 други награди во категориите: Најдобар сајт за е-трговија (3то место); Најдобар корпоративен сајт (2ро место); Најдобра мобилна апликација (2ро место) и Најдобар мобилен сајт.
Оваа година дадовме се од себе за да ја оправдаме вашата доверба, срушивме нови рекорди и организиравме многу кампањи и изненадувања. Read More