Групер задоволни партнери! Зајакнете го Вашиот бизнис со Групер

По тригодишно работење и соработката со над 1000 компании, го спремивме проектот наменет за сите компании кои сакаат да соработуваат со Групер со цел да ги споделиме приказните на неколку компании кои имаат долгорочна соработка со нас. Со мотото “Соработуваме со најдобрите бизниси” беа одбрани соодветни 5 компании од секоја категорија: храна и појалоци, здравје, убавина и патувања кои го споделија искуството од сорабтоката.

Во продолжение нивните приказни.

Салон за убавина Edelweiss со објавени над 24 зделки и продадени 800 купони.

Имавме проблем на самиот почеток поради тоа што бевме нов салон не се ни знаеше за нас. Па така решивме да направиме една реклама, разделивме 30 000 флаери во околината каде што се наоѓа салонот и одговорот на сето тоа беше рамно на нула…. Меѓутоа си посакв да имаме работа затоа што сакавме квалитетно да работиме и универзумот почна да работи за мене. Се јави еден агент од Групер, којшто ми понуди соработка, јас прифатив, агентот дојде за половина час беа многу брзи, направивме еден договор ги пуштивме првите понуди и телефонот не престана да ѕвони. - Билјана, сопственичка

ПЗУ Оптикус со објавени над 4 зделки и продадени 500 купони

Како доктори малку сме поскептични во однос на маркетинг услуги, повеќе им веруваме на пациентите и на усно кажаниот збор за добра услуга меѓутоа се покажа дека во Групер рабори еден млад професионален тим кој навистина многу успешно ја извршува својата работа и којшто знае успшено да ја испомовира било која услуга која се нуди, во овој случај кај нас услугата медицинска и оптичка. – Др. Спец. Ѓулистана Марковска

Кафе бар “Спалато” со продадени 1707 коктели

Реално Групер многу ни помогна да го разработиме кафичот. Од 1707 продадени коктели немавме ниту една полката. Секогаш имате само една шанса да оставите одличен впечаток на гостите и да постанат Ваши редовни клиенти. – Марјан, сопственик

Aurora Resort & Spa со објавени 6 зделки и продадени над 1200 ноќевања

Групер самиот по себе ја повлекува својата клиентела односно редовни корисници и дефинитивно мора да признаам кога ќе се направи една паралела помеѓу тие модерни облици на комуникации, на маркетинг и на промоција, Групер избива на првото место. Покажа дека сме на правиот пат и дека таа соработка мора да ја продолжиме…Со помош на соработката ги исполнуваме капацитетите до последно место. – Никола Голубов, маркетинг

Гостилница “Лира” со објавени над 10 зделки  и продадени над 1000 купони

Во однос на сорабтониците и вработените во Групер немам никаква замерка, во однос на финансискиот дел – плаќањето немам никаква замерка, веднаш кога се завршува зделка се извршува плаќањето… Нормално целта е да се донесат гости кои што сме ги зацртале како таргет група, повторно да дојдат иако нема зделка на Групер и освен пакетот кои го купиле да земат и други наши услуги. – Влатко, сопственик на Лира и МКЦ Клуб ресторан

Прочитај Повеќе

598778_627819680609377_1442108178_n

Третата голема роденденска Групер прослава

Со повеќе од 1000 гости во целосно брендиран простор со доминација на зелената боја во City Hall, го прославивме третиот роденден. Уште поголемо задоволство ни беше што непосредно пред роденденот Групер беше одбран за Најдобар сајт за е-трговија во РМ за 2013 год. Традиционално на корисниците им беа доделени повеќе од 333 вредни подароци, во знакот на бројот 3.

(more…)

Прочитај Повеќе

Изненадување од корисници “Групер зависници”

Дефинитивно најкреативнот подарок кој го добивме на 3тиот роденден од Група корисници. Благодарни сме ви што не правите среќни и ни давате желба и мотивација за уште подобра работа.

Прочитај Повеќе

timot

Secret Santa во нашите канцеларии

Сигурно сте слушнале за Американскиот интересен начин за размена на подароци помеѓу колеги во фирми т.н Secret Santa. Оваа година голем број на компании го применија овој начин а меѓу нив бевме и ние. Целта на играта е да му одберете поклон на колегата кој ќе ви се падне по случаен избор, со што ќе дознаете повеќе за него или ќе покажете колку добро ги знаете своите колеги.

После размената на подароци и подогувањето кој на кого му купил поклон, се упативме на пиење и славење како што е редот во Клуб ресторанот МКЦ. Еве сме во весело издание :)

Прочитај Повеќе

sajt na godinata

Групер прогласен за Најдобар сајт за е-трговија за 2013 година

fb-objana-najdobar-sajt

“Денес можеме да се пофалиме и да прославиме за наградата Најдобар сајт за е-трговија 2013 благодарение на Вас! Наградата ни е уште поголем мотив за уште подобри зделки, поголеми попусти и понапорна работа во 2014тата година”

Прочитај Повеќе

trkalo-grouper

Хуманитарен настан: Групер среќно тркало

Во рамките на хуманитарниот настан кој се одржа во скопскиот Луна Парк на 19.05.2013 година по повод “Меѓународниот ден на семејството” Grouper, како еден од спонзорите на своите корисници им даде шанса да вртат на “Grouper Среќното тркало”. За уште еднаш да потврдиме дека со нас корисниците само добиваат, сите полиња на “Grouper среќното тркало” беа добитни :)

(more…)

Прочитај Повеќе