Викенд кој не се пропушта! Mastercard cashback на сé!

Епа драги наши Групери, се ближи крајот на специјалните Групер викенди полни со изненадувања! Сите до сега го следеа златното викенд правило “Кај и да си, за викенд на Grouper да си” и по 4 викенди подоцна, се продадоа рекорден број купони, Груперци си ќарија cashback во торбичка, ви дадовме екстра причини да се радувате за викенд и се поттикнаа двојно повеќе викенд насмевки!

Првиот викенд го почнавме празнично – велигденско – шарено, баш како што му доликува на еден старт! Вториот сите уживаа во специјалната продавница „Сé за 99 ден.“, третиот царуваа најпродаваните најјаки зделки по екстра ниски викенд цени и четвртиот се грижевме за вас и вашето здравје цели 5 дена! И најслаткото, 2 викенди по ред уживавте во cashback во торбичка, за секое купување на викенд зделките со Mastercard картичка! Read More

„НА ЗДРАВЈЕ“ Викенд + Cashback!

Ок, дека специјалните викенд зделки на Групер не се шала, покажавме со срушените викенд рекорди во изминатите три викенди! Шарените празнични Велигденски зделки ги размрдаа нашите најмили Групери, Се за 99 Викенд ги израдува штедливите и минатиот викенд ве изненадивме со Mastercard cashback – вратени 15% од сумата за купување на НАЈдобрите зделки – Best of Grouper!

Read More

Сé што ќе посакаш за 99 денари!

Црвената лента на специјалните Групер викенди ја пресековме со специјалните празнични зделки за време на екстра интересниот продолжен викенд! Започна баш лудо, еуфорично, празнично и весело како што очекувавме!

Видовме дека нашите најмили Групери ги сакаат посебните викенд зделки и дека викенд попустите ги разбудија оние кои се секогаш спремни да зграбат добра зделка! За сите кои едваааај го чекаат наредниот викенд, ги засукавме ракавите и спремивме нешто ново, исто толку возбудливо и специјално!

Read More

Специјално викенд изненадување! #Велигден

Зошто ги сакаме викендите? Па, самиот збор носи радост, очекување, слобода и среќа! Не може да не го сакаш! За викенд најмногу „се живее“ и се создаваат најдобрите спомени. Почнувајќи од пиво во петок вечер, повеќе спиење во сабота сабајле, сладолед во парк, шопинг, патување, фамилијарен ручек, журка со другарите и полнење батерии! Ах зошто не е секој ден викенд!

Read More

Донирај ЉУБОВ за Среќна 2018та

Периодот кој следи многумина го нарекуваат најубавиот, но и најдинамичниот дел од годината. Како наближува Новата година, така наближува и новогодишната еуфорија кај нас во канцеларија. Се спремаат новогодишни зделки и попусти, купони и договори летаат на сите страни, ама се наоѓа време и за китење елка, за колективно пиење на топло чоколадо, многу празнични плејлисти и официјалното вклучување на зелените сијалички во канцеларија.

Read More