Дали е рана или доцна пролет не е важно. Она што е важно е дека сега можете да ги добиете најдобрите попусти и да го уредите домот онака како што одамна замислувавте. Единствениот Oнлајн Саем за Мебел е на самиот праг, се “крчкаат” зделки од омилените брендови, а вашата “обврска” е САМО да бидете на Grouper 🙂
Read MoreAuthor: Нена Синадиновска

Купи купон и добиј попуст!
Замисли…. на пат накај работа/школо ти текнува дека на Grouper има зделка за твоите омилени патики или пак часовникот што одамна го гледаше, а имаш многу малку време за да застанеш, купиш купон и да го купиш тоа што го сакаш.
Сега тоа можеш да го направиш за експресно брзо време, а како?

Ова се најдобри ресторани од #СкопјеГурман2019
Дечки на нашата омилена кампања и дојде крајот, но вкусните зделки од повеќе од 60 ресторани сеуште ни се во срцето. Одбраните ресторани успеаа да ни приредат незаборавно гурманско уживање, врвна услуга и секако насмевки на лицата.
Откривме нови места, нови вкусови, имавме шанса да дегустираме и благо и солено, и што е уште поинтересно, да гласаме за нашиот омилен ресторан и да ги избереме најдобрите скопски локали во различни категории.
Е па, ајде да видиме каде има највусна пица, паста или десертче мх мх…

Донираме заедно – Сите сити! #СкопјеГурман
Дечки ја заокружуваме нашата омилена кампања со нашата најдрага мисија. Како што знаете, и оваа година во склоп на кампањата го креиравме планот за донации. Во текот на кампањата, со секоја трансакција направена со картичките на Mastercard дониравме по 2 денари, па така сите вие Mastercard купувачи станавте мали херои кои заедно направивте големо дело. Секоја чест Grouper гурмани!
Водени од мотото “Храна за сите” успеавме да собереме 18 000 денари кои ќе бидат донирани во организацијата што заеднички ја одбравме благодарение на вашите предлози – “Сите Сити“.

Ова се 10те VIP Гурмани #СкопјеГурман
Драги гурмани, официјално и дојде крајот на нашата омилена кампања #СкопјеГурман. Успеавме да го претвориме јуни во месец на храната, продадовме рекодрни 20 000 купони и дегустиравме повеќе од 70 зделки. Пробавме најразновидна домашна храна и интернационална кујна – бургери, пици, скара, азиско, а секако имаше и вафли, сладолед, палачинки, крофни за сите љубители на благичко.
Паа, дечкии ајде заедно да “ја ставиме јаготката на шлагот”. Ова се 10те најгурмани кои успеаа да дегустираат повеќе од 40 ресторани и кои си добија подароци.

Топ 5 причини зошто годинава е посебен Late Night Shopping-от во Skopje City Mall
Дечки, се ближи еден поинаков викенд – 3 дена исполнети со забава, луди попусти и шопинг до полноќ! Овој петок започнува најголемиот настан на Skopje City Mall, возбудливиот Late Night Shopping, каде ќе имате можност да купувате по ниски цени, од мнооогу брендови и да се забавувате со различни активности за време на целиот викенд.
А, она што е најважно е дека оваа година, ќе може да добиете уште поголеми попусти само со Grouper. Доживејте ја најголемата летна shopping несоница во градот со Grouper и City Mall!

Како да станеш VIP Гурман и да освоиш патување? #СкопјеГурман
За нашата најголема кампања Скопје Гурман да биде уште повозбудлива спремивме и подароци за вас, луѓето за кои постоиме, нашите корисници!
Како да станеш VIP Гурман?
За да влезеш во натпреварот условот е да имаш купено минимум 5 различни зделки платени со Mastercard картичка! Купувај што повеќе зделки од храна и стани си наш Групер VIP Гурман!

Храна за сите! Донирај со Mastercard & Grouper #СкопјеГурман
Започна Скопје Гурман – најголемата гурманска акција за храна во градот, со голем број вкусни зделки во 70 одбрани ресторани! Tоа значи дека започна најгурманскиот период во годината кога Скопје се претвора во најгурманското место со вашите омилени специјалитети на попуст. А, уште подобро е што со секоја купена зделка, заедно со Mastercard вие донирате за да има „Храна за сите”!

#СкопјеГурман ти ќе бидеш – 5-та година по ред!
ДОАЃА СКОПЈЕ ГУРМАН! Со нетрпение ја очекуваме и секој ден се повеќе зборуваме за неа бидејќи оваа година е посебна. Оваа година славиме ЈУБИЛЕЈНА 5-та ГОДИНА!
5-та година од единствената, долгоочекувана, најголема и највкусна кампања посветена на храната и на сите најголеми гурмани. 5-та година со најдобри специјалитети за сечиј вкус, најдобар избор, најголемо гурманско мени и тоа по непобедливи цени!
Месец јуни го претвараме во месец на храната, месец во кој ќе откриете нови места и нови вкусови или ќе го јадете омилениот специјалитет во градот на попуст!
СТАРТ: 5 јуни
Значи дечки, следи месец во кој готвењето дома го ставаме на ПАУЗА и одиме во преку 70 ресторани во градот да дегустираме, да пробуваме разновидна домашна и интернационална кујна со најдобри попусти!

Кампања посветена за сите авантуристи ⛰️ Outdoor shop & Activities
Дечки сигурна сум дека сите се сложувате дека месец мај е еден од најубавите месеци во годината. Најпрво од сѐ, е што доаѓа сонцето и не си оди сѐ до октомври. Во месец мај цветаат сите цвеќиња, сите паркови се разубавуваат, стануваат неодоливи за гледање, за шетање, возење велосипеди, за дружење и „главење” до зори… Eдноставно животот станува поубав.
Затоа, заради будењето на авантуристичките желби, заради страста кон вежбањето и рекреацијата, заради сите верни спортисти и неуморни вежбачи во соработка со Mastercard ви спремивме специјална Outdoor shop & Activities кампања со најдобри попусти и најдобри цени, а што е уште поинтересно слатки Grouper подароци!
СТАРТ: 08.05.2019
Значи, во вторник на полноќ сите на Grouper!