Пробајте ја оваа празнична игра за вашиот тим!

Многу луѓе кои ме познаваат се убедени дека не постои некој во земјава што повеќе го сака овој празничен период од годината од мене. А кога љубителот на игри и изненадувања во мене ќе се спои со љубителот на празници доаѓаме до моето омилено–празнични тимски игри. Secret Santa ни е традиција веќе 5 години, а сé повеќе компании ја практикуваат и кај нас како игра за подарување чија цел е да покажеш колку го знаеш колегата на кој си му “Таен Дедо Мраз”.

За оние кои не ја играле Secret Santa функционира на следниот начин:

  1. Секој колега добива друг колега по случаен избор на кој му е Таен Дедо Мраз (ние за тоа ја користиме оваа апликација – се внесуваат сите колеги и кога сите ќе се приклучат, на секој член му стига името на кого треба да му купи подарок)
  2. Сите колеги купуваат подарок за својот човек и ги оставаат скришно во вреќата под елка (на подарокот го пишува името за кого е поклонот)
  3. Се собирате сите заедно на отварање поклони

Read More

Отворено писмо до нашите корисници, соработници, пријатели

Драги купувачи, соработници и пријатели,

Го лансиравме Grouper.mk во јануари 2011 година, со визијата дека ќе ја промениме е-трговијата во Македонија. Поминаа скоро 8 години откако ентузијастички тргнавме на ова „патување”, но ние сé уште ја чувствуваме истата пасија и возбуда за работата. Вчера традиционално се оддржа манифестацијата “Сајт на годината“, а Grouper беше избран за најдобар сајт во Македонија за 2018 година. Покрај главната награда освоивме и 4 други награди во категориите: Најдобар сајт за е-трговија (3то место); Најдобар корпоративен сајт (2ро место); Најдобра мобилна апликација (2ро место) и Најдобар мобилен сајт. По тој повод денес сакам да ви се обратам и да ви се заблагодарам од се срце за довербата, за поддршката и за тоа што го избравте Grouper.mk. Read More

Е-трговијата со раст од 36% во 2016 година [Инфографик by Grouper]

Eлектронската трговија придонесува за зголемување на продуктивноста, намалување на неефикасноста и претставува двигател на економскиот раст во една земја. Македонија заостануваше на ова поле поради бројни фактори како што се: долгогодишна ниска интернет пенетрација; малиот број на платежни картички во оптек, а подоцна и малата застапеност на население кое активно ги користи картичките; преференции за плаќање во готово; ниска компјутерска писменост; високи банкарски провизии кои ги дестимулираа големите компании во додавање на овој нов канал на продажба; мала понуда од интернет трговците итн. Read More

Благодарност од тимот на најнаградуваниот и најдобриот сајт за е-трговија

Во саботата (24.12) традиционално се одржа манифестацијата Сајт на годината, оваа година 7ма по ред, каде се доделуваат награди на најдобрите сајтови во различни категории за годината која изминала. Со гордост сакаме да споделиме со вас дека Grouper.mk e официјално сајтот кој освои најголем број на награди! Оваа година за прв пат освоивме 4 награди во 4 категории и тоа: Read More

Реакции кога подаруваш > Стварно #НеСиТребал!

Наоѓањето на соодветен подарок за сите сакани кои ги имате на листата за празниците може да биде вистински предизвик. Сите сакаме да даваме и да примаме подароци, (некои повеќе едното, некои другото) ама има некои ситуации во кои сите сме се нашле при овој процес на подарување.  Дали вие сакате да знаете искрено кога некому не му се допаѓа подарокот кој сте му го купиле? 🙂 Дали ви пречи ако лицето сака да го замени подарокот?

Read More

Современиот Дедо Мраз!

Времињата течат, работите се менуваат, нови технологии, нови трендови, мобилните веќе ги заменуваат десктоп уредите… таблетите ги заменија купиштата играчки, talking tom го замени чибичанот, децата не играат ни со виртуелни џамлии … а за тоа највеќе “жалат” родителите (жестоки дебати се водат дали детето да смее да гледа телевизија, да игра на таблет и колку време смее) додека на децата им е супер кул и уживаат додека растат со новите технологии. Read More

Гласајте за нас!

Оваа година 7ми пат по ред се организира изборот за Сајт на годината. Изминатите години благодарение на сите вас, нашите сакани корисници, Grouper доби бројни награди меѓу кои: 2 пати Најдобар сајт за е-трговија и огласи, 2 пати Најдобар мобилен сајт, Второ место за Најдобар сајт и второ место за Најдобра Facebook страна. Read More

Подаруваме! 2 викенд патувања за Море & Планина!

Ние во Grouper подеднакво ги сакаме и морето и плажата, и снегот и планината,  и летото и зимата! Секогаш се трудиме да понудиме патувања за сечиј вкус, а секако по најдобри цени за секој од вас да може да ужива на локација и хотел по сопствен избор, вкус и желби.

Подарувањето ни е слабост па овој пат за вас имаме 2 ВИКЕНД ПАТУВАЊА! Го затвараме летото со викенд патување на море во Грција и ја отвараме сезоната на планината со викенд во Банско. Read More

Совети за поголемо уживање во “Недела на храна”

Секоја активност која ја креираме за вас, ја проследуваме со некој внатрешна игра или предизвик за да не се чуствуваме дека “нешто пропуштаме” 🙂 Плус, многу често добиваме прашања од типот “Добро вие во Grouper си купувате купони?” или агентите на пример би добиле прашање “А вие ги купувате зделките што ги склучувате?” и на се ова категорично одговараме едногласно ДА! Репер за ептен добра зделка е кога до 10:00 сабајле сите во канцеларија веќе ја имаме купено. Read More

5 златни зделки за нашиот 5ти роденден!

Ние полниме 5 години! За да го прославиме нашиот раст и прераснување од сајт за групни попусти кој пред 5 години нудеше една “зделка на денот” во најголемиот сајт за е-трговија во Македонија денес, со стотици активни зделки за што и да посакате, подготвивме специјално изненадување за вас! И изненадувањето решивме да ви го проследиме со песна…♪ ♫ ♬ Read More