Grouper.mk е меѓу првите онлајн трговци со беџ за „Верификуван е-трговец“ од АЕТМ

Ако сте наши редовни корисници, сигурно забележавте дека веќе некое време го имаме истакнато Беџот за верификуван е-трговец кој го издава Асоцијацијата за е-трговија на Македонија. Беџот е дел од платформата еCommerce4all и особено сме горди што сме меѓу првите домашни компании кои го добија овој беџ.

За нас, довербата на корисниците е врвен приоритет и токму затоа сме горди што бевме меѓу првите кои го добија и истакнаа Беџот. Како лидери и пионери на пазарот на е-трговија во Македонија со повеќе од 10 години постоење, особено ни е важно купувачите да можат да ги разликуваат онлајн трговците кои ги исполнуваат основните правила и прописи, од оние кои се или неусогласени согласно регулативата или пак се дел од сивата економија. 

Купувачите треба да знаат дека кога купуваат од нерегистрирани субјекти (на пример преку социјални медиуми) немаат заштита согласно Законот за заштита на потрошувачи, додека купувањето од Grouper.mk или Grouper Shopping Mall е безбедно и согласно сите законски прописи.

Со повеќе од 250.000 регистрирани корисници, горди сме што Grouper.mk е синоним за доверба кај купувачите во светот на е-трговијата. Успехот на полето на е-трговијата во изминатите 10 години за нас претставува дополнителен мотив, но и обврска, секогаш да испорачаме врвна понуда и услуга за постоечките и идните корисници.

Тимот на Grouper

Тимот на Grouper

Тимот на Grouper