3 плакети ни ги красат канцелариите!

Вчера освоивме 3 награди на официјалното доделување на наградите за сајт на годината, а денес сакам да споделам СРЕЌА со сите Вас!

Втор пат по ред ја добивме наградата за најдобар сајт за е-трговија и огласи, за која искрено знаевме дека ја заслужуваме ама не верувавме дека втор пат по ред може да ја добие истиот сајт. За прв пат бевме победник во категоријата најдобар мобилен сајт, а го освоивме и второто место во категоријата најдобра Facebook страна. 

Вчера во еуфорија објавивме Facebook пост да упатиме голема благодарност до сите наши корисници, а денес сакам посебно да се заблагодарам на сите заслужни за овие признанија, на сите кои ја креира Grouper приказната овие 4 години.

Тие што не следите од самите почетоци знаете дека сме старт-ап компанија, млад креативен тим, енузијасти што веруваа дека ќе ја сменат е-трговијата во Македонија кога помалку од 1% од населението купуваше онлајн. Младиот и мал тим на почетокот деноноќно работеше и даваше се од себе за што подобро и побрзо да се лансира Grouper,  најдобро да се менаџира и да се цени секој корисник и клиент и неговото мислење. После неколку месеци тимот почна да се проширува и полека низ годините растевме и се развивавме за денес да може да кажам дека си го земам правото да ја доделам наградата за најдобар тим за 2014 година на мојот Grouper тим. Кога кажувам тим мислам прво на сите кои се внатре во срцето на Grouper (Сања, Ива, Тино, Цуре, Драгана, Мартин, Алек, Даниел, Ристе и новодојдените Ива, Магдалена и Ико), а потоа и на сите со кои работевме за да стигнеме тука, мислам на IM.mk (Кате, Никола, Дејан и Александар – iOS App) кои беа тука технички да ни помогнат да ја реализираме секоја идеја, мислам на Горјан и Бојан (мобилен сајт), мислам на Димитар (Android App).

Сакам да им се заблагодарам од срце на сите вредни и чесни добри луѓе кои се дел од Grouper семејството. Сакам да се заблагодарам и на моите родители и сестра ми кои ми даваат неизмерна поддршка и љубов.

Сакам да се заблагодарам на сите соработници, а особено на оние кои од самите почетоци ни дадовте поддршка и верувавте во нас и новата алатка за промоција.

Сакам да се заблагодарам на сите корисници кои не следат, кои стануваат со нас, кои легнуваат во нас и нашите зделки, кои бараат каде да одат и што да прават на Grouper, кои се расправаат кога не се задоволни и ни помагаат да го кренеме квалитетот, голема благодарност на оние кои не фалат кога се среќни и задоволни, кои ни го разубавуваат денот, кои ја ценат нашата напорна работа и желба за да го задоволиме секој еден од вас.  Фала ви на сите кои гласавте за нас, фала на искрените честитки, фала на организаторите Media Solutions и фала на жирито кое го препозна нашиот квалитет и напорна работа.

Довербата која ни ја дадовте сите кои за прв пат направивте онлајн купување на Grouper, сите кои за прв пат се вклучивте во оналјн светот со Grouper промоциите (корисници и компании), уште на самите почетоци кога ни беше најпотребна се надевам дека ја оправдавме затоа што денес после 2 години учество од 40% во е-трговија и после 2 официјални награди за најдобар сајт за е-трговија гордо и нескромно може да кажам: Да, младите ентузијасти заедно со сите вас го сменија онлајн купувањето во Македонија! 

Искрено, среќна, горда и благодарна,

Нина Ангеловска

Nina Angelovska

Nina Angelovska

Ко-сопственик на Grouper.mk