Гласајте за најдобрите хотели од Дестинација Македонија

Горди сме што и оваа година ја организиравме нашата омилена кампања за патувања дома – Дестинација Македонија.

За вас спремивме специјални зделки со некои од нашите омилени хотели и воедно и долгогодишни соработници. Уште подраго ни е што оваа година имавме најголем интерес и задоволни корисници кои ги искористија понудите од Дестинација Македонија и посетија некои од домашните хотели во периодот на кампањата.
Займ на карту онлайн.

И оваа година подготвивме гласање за најдобрите хотели од Дестинација Македонија. ГЛАСАЈ ТУКА

Одберете кој хотел е најдобар за вас, каде би се вратиле повторно, кое е местото кое го искористивте за вашиот одмор.

П.С: За сите вас кои ќе гласате следи мало изненадување ?

Воедно доколку досега немате посетено некој од хотелите, имате наша топла препорака да си земете еден викенд или некој ден одмор и да прошетате низ нашата најубава Македонија и да искористите некои од попустите од Дестинација Македонија.

Кампањата сè уште трае, а на вас е само да одберете сместување и да се спремите за патување 🙂

Поздрав од Груперските патувачи, ги чекаме вашите гласови ❤️

Frosina Trajkovska

Frosina Trajkovska

Customer Care & Web Admin Team Lead