Како да имаш безбедно и комфорно патување… со автомобил?

Океј, временските услови се стабилизираа (читај: дојде сонце, дојде живот) па така сега слободно можеме да кроиме планови кај да се оди за викенд, продолжен викенд или пак можеби целосен одмор.

Пролетта помина, летото дојде, така што официјално можеме да кажеме дека сезоната за сериозно размислување кај да се оди на летен одмор е отворена. 

Од досегашните наши размислувања, сите идеи и патишта водат накај истражување нови авантури и дестинации за одмор и опуштање кои се лесно достапни со автомобил, затоа што сакаме целосно доживување на патувачката авантура или со други зборови, не ни се патува низ облаците, сакаме да сме приземни, со нозе на тло. 

Па знаејќи го овој факт, решивме да се консултираме со АМСМ, дефинитивно најдобриот, најсигурниот и екстремно доверлив партнер на сите твои патувања да ни помогнат во нашата мисија – Како да имаш безбедно и комфорно патување со автомобил? Одиме со ред!


  1. Одбери дестинација!

Прво нешто што треба да направиш е да ја одбереш дестинацијата кај што сакаш да патуваш. Имаш среќа дека си на право место во право време! 
Без разлика дали сакаш да одиш на морско разладување во Грција, прошетка низ убавините на Бугарија или пак евентуално мини турнеја низ Македонија, на Grouper ќе си најдеш сѐ што ти душа сака. Оди, прошетај се до www.grouper.mk, слободно кажи си “да разгледам, ќе се вратам”, врати се и резервирај ја твојата следна авантура!


2. Стани член на АМСМ!

Океј, да претпоставиме дека ја одбра твојата омилена дестинација, следно на агендата е – Како да обезбедиш сигурна и безбедна патувачка атмосфера за тебе и твоето семејство/пријатели/сопатници? Да не лутаме со мислите, веднаш ги прашавме АМСМ што имаат на понуда.

Океј, и што нудат? Епа, ако сакаш да имаш бесплатна помош на пат, бесплатен превоз на возило – шлепување (не дај боже да ти затреба), 24/7 контакт центар, бесплатна проверка на возилото, попусти, поволности и уште еден тон други работи, тогаш твоја задача е да станеш член на АМСМ, без разлика дали ќе патуваш низ Македонија, во странство, или си едноставно обичен турист-авантурист кој решил да патува со автомобил низ цел свет, АМСМ ти стојат на располагање. Едно треба да знаеш – што и да се случи, сигурно и безбедно ќе стигнеш до твојата дестинација со АМСМ. 

3. Провери го автомобилот!

Трета ставка во твојот список со работи што треба да ги направиш пред да тргнеш на патување е – техничка проверка/сервис на твојот автомобил
Повторно ги здруживме силите со АМСМ коj веќе децении наназад нуди професионална сервисна услуга која гарантира 100% безбедност на пат + интересен попуст за АМСМ членовите. Оди па не патувај!


4. Осигурај си го патувањето!

Како за крај, така фино спакуван и опремен со позитивни мисли, немој да заборавиш да си ја осигураш твојата следна патувачка авантура за мирна глава и безгрижно патување.


Дестинација

АМСМ членство

Сервис

Патничко осигурување кое е вклучено во АМСМ Европа Премиум членската картичка

Позитивни мисли и возбуда ✅

Е сега знаеш дека си тотално подготовен/a за твојата следна летна авантура!