Поинакво after-work дружење: BIZ QUIZ

Има еден интересен нов тренд кој е сé поприсутен во Скопје, а тоа се тимските after-work дружби за тимовите кои вредно работеле во текот на денот! Тимот на Grouper секогаш е за дружба, па станато ни е традиција еднаш месечно да „се видиме“ во кафана со мезе и топено сирење, од време на време да решаваме загатки во Escape Room или да склопиме пикник со грицка и гитари кога ќе расцветаат првите липи.

На токму една од тие after-work дружби и дојдовме до идејата да организираме едно поинакво тимско дружење, од нашиот тим за сите македонски тимови – овојпат во форма за „борба за знаење“! Го крстивме Biz Quiz и стана првиот организиран квиз настан кој е во основа trivia натпревар помеѓу македонските компании! Место каде сите можат да научат нешто ново, да се запознаат со нови луѓе од други компании и едноставно да се забавуваат и да се „тестираат“ колку знаат на овој неколку-часовен after-work.

Првите храбри колеги кои се пријавија и формираа тимови беа од: EVN Македонија, Холандска Амбасада, VIP, Energy Maintenance Solutions (EMS), KEMET, MEDIAGENIX, Sourcico, Машински факултет, Systems for Enterprise и Web Factory!

Квиз-мастер, секако, беше Гораст Цветковски, кој се погрижи тимовите да се загреат и да бидат спремни за предизвикот и да има супер-забавна атмосфера! Квизот се состоеше од 7 категории на прашања, од прашања за тоа од кој филм е Чичко Кумплунг, кои се 4те состојки на пивото до тоа што значи кратенката URL?

Нај тривиа-подготвени на првиот Biz Quiz се покажа тимот на Web Factory – честитки до нив! Ама мора да признаеме дека сите учесници ни ја докажаа тезата која ја поставивме, а тоа е дека во Македонија има одлични тимови, дека има сестрани млади кои се запознаени со светските и домашните fun facts и дека има луѓе кои се спремни за предизвик и жедни за учење!

Им благодариме на Macedonian American Alumni Association (МААА) кои ја поддржаа нашата иницијативата која излезе од еден тим – а е за сите тимови!

Повеќе за целата атмосферата, смеењето, радоста за секој точен одговор и дружбата нека каже следното видео, а до тогаш – поздрав и се гледаме на следното предизвикувачко after-work дружење!

Тимот на Grouper

Тимот на Grouper

Тимот на Grouper