Black Friday! Кралот на попустите!

Овој петок на 27.11.2015 е најголемиот шопинг празник – BLACK FRIDAY! Може да се каже дека по минатата успешна Black Friday акција која ја изведовме на Grouper, овој ден е нашиот патронат. Ја делиме истата идеја и царуваме заедно со непобедливите попусти. Нашето мото е “Попуст на попустот”, а нашата премиса – “Кралот на попустите”.

 

Овааstiker_blackF година стартуваме три пати појако! Тоа значи дека само овој петок ќе имаме над 100 нови зделки со ултра висок попуст, по ултра ниски цени, и секако за да биде повозбудливо – со ограничено времетраење и количини!

Меѓу Black Friday зделките кои ќе бидат видно означени, ќе може да најдете патувања, храна, производи, третмани за убавина и многу искуства по луди цени, само на Grouper, само за вас!

До сега сигурно сте веќе загреани за ова шопинг лудило кое следи, бидејќи 4 викенди по ред имавте можност да “закачите” екстра попуст преку Викенд Зделките кои траеа само 48 часа. Викенд акцијата помина одлично, а се продадоа над 1000 купони за краток временски период.

Black Friday на Grouper

Започна одбројувањето до Black Friday!Најголемиот попуст е на Grouper.mk!Погледнете какви изненадувања подготвивме за вас

Posted by Grouper.mk on Monday, November 23, 2015

 

Сега одбројуваме до големиот ден и сѐ што треба да знаете е следното:

  • Големото шопинг лудило ќе започне на полноќ на 27ми Ноември и ќе трае 24 часа
  • Над 100 Black Friday нови зделки
  • Луди попусти до 90% на производи, патувања, храна, убавина, здравје..
  • Нови зделки ќе се активираат на секои 15 минути, во текот на целиот ден
  • Зделките ќе бидат со ограничени количини и ограничено времетраење
  • Еуфоријата е голема, но шопингот е лабав: од дома во удобна фотелја, на работа заедно со колегите или од омилениот кафич (уште немате мобилна апликација? инстант инстал ТУКА)

Лани направивме рекорд во онлајн продажбата во Македонија со над 2000 продадени купони за еден ден. Оваа година заедно го рушиме рекордот! Спремете ги картичкитe, и не заборавајте дека со малку пари добивате мноооогу. Се гледаме во петок!

 

Iva Trembelieva

Iva Trembelieva

Оперативен директор