BLACK FRIDAY Warm Up – Сè што треба да знаеш!

За да разбереш колку сериозно му пристапуваме на Black Friday, доволна е следнава реченица: „Ако Grouper беше држава, тогаш Black Friday ќе беше прогласен за најважен национален празник!“

Ноември е месец во кој ги имаме најдобрите шопинг понуди во годината! Најголемите попусти од најдобрите брендови значат дека овој месец многу малку ќе спиеме за да успееме да излеземе во пресрет на сите кои ќе решат да купуваат.

Бидејќи само еден ден или еден викенд е премалку за да ти ги понудиме сите неверојатни понуди, Black Friday Warm Up кампањата ја започнавме уште во првиот петок од месецот! Веќе можеш да купиш купони за луд попуст во Sport Vision и Sport Reality, да ќариш и до 20 литри гратис гориво во Петрол Оил, да искористиш попуст во Ledikom или да закажеш испитување и анализа во СкринЛаб.

Звучи добро како за прв викенд, нели? Следи нѐ секој ден, бидејќи следуваат зделки кои не смееш да ги пропуштиш и плус имаме оооооооогромно изненадување кое ќе израдува многумина!