Black Friday загревање: Викенд акции со дополнителен попуст на попустот!

Има многу американски традиции/празници/трендови кои полека ги прифаќаме и славиме и кај нас. Некои повеќе некои помалку, важно е да се слави, кад је бал нек је маскембал – Haloween е еден пример (Ако си го имаме 1ви Април, нека има повеќе). Valentine’s Day е друг пример  и тука е вечната расправија дека наш празник е Св. Трифун (и уште една поддискусија за дали е Трипун или Трифун), ама ако нека се слави и вино и љубов на 14ти Февруари, па после пак и вера и надеж и љубов на 30ти Септември.

Кога сме кај американските празници, сигурно познат ви е најголемиот шопинг празник проследен со турканици и борба за огромните попусти – BLACK FRIDAY! Празникот се појавува за прв пат во 1960тата година како увертира на предбожиќното шопинг лудило. Ние во Grouper, минатата година прв пат го одбележавме со 40 Black Friday зделки со попусти од -90%! (фенирање за 39 ден., кафе за 18 ден., третмани за 99 ден). Плус кај нас си беше културно, без турканици на физички локации, а сепак со голема еуфорија си купувате со еден клик каде и да сте 🙂 Направивме рекорд во онлајн продажба во Македонија со над 2000 продадени купони за еден ден, но она што ни е најдраго се позитивните коментари кои ги добивме од голем број на корисници.

Доста беше увертира, да прејдеме на главното: Оваа година Black Friday се паѓа на 27ми Ноември! Што значи ова? Дека до таа дата има 4 викенди кои ние ќе ги искористиме за загревање до големиот ден! Како? Со дополнителен попуст на нови и свежи зделки!

Почнувајќи од 31ви Октомври секој викенд (сабота и недела) ќе објавуваме нови викенд зделки кои ќе траат само 48 часа и ќе бидат со поголем попуст од вообичаено! Овие зделки ќе бидат достапни за купување само сабота и недела, затоа спремете брзи прсти каде и да сте (и да не сте дома за викенд, мобилниот ви е секако во џеб, симнете си апликација ТУКА)
stikerche_vikend
Значи:

  • 4 Викенди по ред (почнувајќи од 31.10 до 27.11)
  • Нови јаки зделки со дополнителен попуст
  • Само 48 часа (сабота & недела)

И запомнете, овие зделки се само мааааааал дел од тоа што ви спремаме за Black Friday! Еуфоријата може да започне, се чекаме во петок на полноќ на www.grouper.mk!

Iva Trembelieva

Iva Trembelieva

Оперативен директор