Времето лета, годините поминуваат, работите се менуваат! Измина уште една година и сега во овие последни денови од оваа година и ова празнично лудило и припреми за следната година, кој за дочек, кој за зимовање, кој за руска и кифли, времето како да лета уште побрзо. Ајде за момент да застанеме сите! Размислете за убавите моменти кои ги поминавте, за блиските пријатели со кои ги споделивте, за лошите одлуки кои ги направивте, за грешките кои не сакате да ги повторите, за ветувањата кои си ги дадовте и не ги остваривте, за целите што ги поставивте, за добрите зделки кои ги направивте!
Ако имате пракса да ја резимирате годината која поминала и да си поставите цели за следната – браво, а ако немате зошто да не почнете од сега, од оваа година, од овој ден – не од утре! Резимирањето ќе ви помогне да се присетите на грешките, да ги анализирате и да не ги повторите, да се фокусирате на убавите моменти, на новите пријатели кои ги стекнавте, на радосните моменти и сите овие работи заедно може да ги гледате како пакетчето кое ќе си го подарите на себе, а кое ќе ве направи подобар човек, за себе и за останатите околу вас.
Кога ќе се сетите на убавите моменти со блиските, верувам ќе посакате да им подарите нешто од срце, а не само затоа што е време на подарување. Ние се трудиме да обезбедиме еден куп зделки за подарување за секого (за неа, за него, за деца, за сите), меѓутоа на крајот на денот подарокот е пренесување на емоција, блискост и љубов, а тоа зависи само од вас. Ние можеме да креираме водич за подарување, да ви препорачаме што е добро за кои личности, карактери и да ви дадеме еден куп совети, но емоциите кои ќе ги подарите се најзначајниот дел од подарокот, начинот на кој ќе го подарите, пораката која ќе ја оставите – тоа се тие работи кои ќе му дадат персонализирана вредност и ќе покажете дека сте се потрудиле. Од друга страна може да подарите и буквално персонализиран подарок од одреден значаен момент, а секако тука се искуствата кои може да ги подарите зависно од пораката која сакате да ја пренесете.
Ние искрено уживаме во подарувањето. И за да не биде дека даваме совети кои не сме ги примениле, еве го споделуваме нашето груперско подарување од лани со кое пренесовме емоција за грижа, внимание, искуство и љубов. Не беа важни подароците во кутиите, важен беше гестот и изненадувањето кое изнуди насмевки кај сите членови на тимот!
Сакајте, изненадете, уживајте… Среќни празнициГрупко спреми изненадување за саканите. Погледнете го, инспирирајте се, изненадете ги саканите и уживајте во изнудените насмевки.
Posted by Grouper.mk on Thursday, December 25, 2014
Со овој блог пост сакаме: да ве инспирираме да бидете креативни во подарувањето; да дадете многу љубов; да ви биде доволна сатисфакцијата, реакцијата и насмевката која сте ја изнудиле; да не очекувате премногу од луѓето околу вас за да не се разочарувате; да си поставите високи очекувања и цели за себе за следнава година и да се стремите да ги остварите; да не давате ветувања ако не планирате да ги исполните; да ги замените facebook пораките со кафиња, а кафињата со дружби во солена соба; да се заштитите од воздухот; да бидете хумани; да си го чувате здравјто и да се надградувате на секое поле! И last but not least да не барате изговори за ништо: секој има време за сѐ ако сака и ако добро се организира!
За крај денес сме посебно емотивни и љубовно расположени бидејќи се стопивме од прекрасните пораки кои поттикнавме еден куп пријатели да си ги споделат, да си изразат љубов и да си дадат внимание!
Подаруваме Grouper Новогодишни пакетчиња! ✨ Сподели ја фотографијата и тагни пријател во коментар, со кој ги помин…
Posted by Grouper.mk on Thursday, December 24, 2015
Живели Групери,
Резимирајте си ја годината, поставете си цели, сакајте се и уживајте во празниците и годината која следи