3 Cashback Mastercard викенди: #1 Best of Grouper!

Пролетните викенди во април ги резервиравме за специјални изненадувања и викенд зделки, а веќе два викенди по ред најбрзите го искусија лудилото на празнични Велигденски викенд зделки со викенд цени, како и лудилото од омилениот “Сé за 99 ден”!

Е сега, имаме екстра НОВО изненадување за следните три викенди и тоа:

Со секое купување на викенд зделките со Mastercard картичка ќе добиете cashback! Или може да го сметате тоа дека е екстра попуст, а се всушност пари кои ќе ви се вратат во торбичка за идни купувања! Секој викенд ќе биде посебен, со посебна тема и посебни зделки, но сите покрај возбудата ќе имаат уште едно нешто заедничко, а тоа е cashback! (#којнесакавикенд?)

First thing’s first, што ќе биде првиот cashback викенд? Овој викенд ќе биде НАЈ! Овој викенд од 21.04 – 22.04.2018 (зделките почнуваат од 00:00!) го прогласуваме за THE BEST OF GROUPER викенд, или најдоброто од нас, со најпосакуваните, најпродаваните и најбараните зделки од најквалитетните Grouper соработници и нормално по најекономична и ниска цена и најголем попуст! Плус ако ги купувате овие НАЈ зделки со Mastercard картичка ќе добиете и НАЈ cashback од 15%!

Овие сабота и недела ќе може да најдете дел од зделките за кои сите зборуваа, а вие ги пропуштивте, или пак толку беа добри што ги сакате пак, или пак нешто ново на кое е тешко да се оддолее. Нешто како златна зделка, ама само 48 часа!

Како и претходниот викенд, акцијата ќе биде само за најбрзите прсти и најодлучните Груперци (овој викенд сè е нај!). Количините ќе бидат ограничени, но неограничена ќе биде возбудата и лудилото. Спремни Mastercard картички за 15% cashback од викенд зделките кои ќе бидат на екстра попуст, а ние + ќе ви вратиме и пари во торбичка! Кај го има тоа?

И секако, ако не сте дома за викенд тука е мобилната апликација со која на само еден клик од каде и да сте викенд зделка ќе си “фатите”– и попустот ќе си го искористите кога ќе се вратите! А да, и cashback-от! 🙂 

Ве чекаме и ве сакаме како што сакаме викенд!

Iva Trembelieva

Iva Trembelieva

Оперативен директор